РОДИНА Бара Прекин на Секакви Стратешки Одлуки на Преодната Без-Мандатна и Нелегитимна Техничка Влада!
Сподели на социјалните платформи:

 

РОДИНА МАКЕДОНИЈА бара прекин на криминални и корумпирани одлуки за финансиско задолжување до колапс, за анти-уставно печатење нелегитимни Северџански банкноти, за тајно носење на мигранти, итн, и бара итен мораториум на секакви активности на нелегитимните узурпатори на власт, а уште повеќе на техничката преодна влада чиј тесен мандат е само да организираат избори, а дури ни за тоа не се способни, и фер и демократски избори може да организира и да се справи со вештачки предизвиканава криза само Експертска Влада со програмата на Родина Македонија! Соопштението БАРАЊЕ НА РОДИНА ЗА ПРЕКИН НА СЕКАКВИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ НА ПРЕОДНАТА БЕЗ-МАНДАТНА И НЕЛЕГИТИМНА ТЕХНИЧКА ВЛАДА, го пренесуваме подолу во целост.

РОДИНА ги смета анти-уставните, пучистичките, и однадвор наметнатите сегашни марионети за нелегитимни, и ќе ги укине сите Анти-Уставни и криминални одлуки од 27-ми април наваму!

Тоа уште повеќе важи за сегашната Техничка Влада со тесен мандат да организира избори, и која дури ни за тоа нема капацитет бидејќи е Пржинска и формирана од корумпираните партиски поглавици а не со народна волја, а да не зборуваме дека нема никаков уставен или изборен легитимитет да носи било какви стратешки одлуки вон тој тесен мандат.

Родина Македонија порачува до однадвор инсталираната нелегитимна Хунта која го носи името на окупацијата “Северна” и до послушните одработувачи во институциите – Не ни отворајте со своето диктаторско однесување дополнителна работа за нови апсења, освен оние кои секако ги очекуваат досегашните предавници и плукачи на АСНОМ-скиот устав,, и дополнителна работа за поништувања на незаконски и анти-Уставни одлуки со вашето диктаторско однесување.

Повикуваме на формирање на ЕКСПЕРТСКА ТЕХНИЧКА ВЛАДА врз мерките кои РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги предложи, и која ќе може да обезбеди фер и демократски избори на кои Македонскиот Народ секако ќе и даде доверба на суверенистичката опција за национален, економски и личен спас од планиранотот вечно ропство на народот и на сите нас како поединци.

Биди член на Родина Македонија
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар