Во моментов суштествува општествен хаос кој го зафати светот во целина и во сите негови делови на животот! Си има своја логика своја цел, а тоа е да произведе нов свет, нов светски поредок, нова вредност, ново поимање на светот. Токму операцијата корона ни го покажа тоа дека старото што до вчера било денес умрело, а на подвик е да се роди нешто ново, некоја нова вредност.
- Покажа дека западниот либерален капиталистички систем – со се западна европа, ЕУ, НАТО, Америка и сите останати институции што го преставуваат западниот либерален капиталистички систем – е веќе мртов.
- Кина и Русија искористувајќи ја кризата со короната и солидаризирајќи се со светот опфатен со короната, праќајќи им помош мудро го искористија за да се кренат на пиедесталот на идни нови светски сили. Што покажува дека мултиполарноста во светот е воспоставена и таа функционира.
- Европската унија е веќе мртва институција. Кризата со короната покажа дека ЕУ не функционира на начин на кои беше замислена. Сега нејзините членки го преиспитуваат членството во ЕУ. Не само Италија, Унгарија, Шпанија, ами и останатите земји, за брзо време може да очекуваме дека ќе го постават прашањето дали е потребно постоење на европската унија.
- До вчерашните либерал-капиталисти во Америка и Европа самите почна да се деградират. Од денес почна да донесуват пакет за спас на веќе пропаднатата либерална економија. Тоа ни покажува дека се враќа улогата и функцијата на државата, без нејзина интервенција неможе да опстои економијата. Токму ваквите кризи како и секој пат во историјата предизвикувале токму враќање на улогата и интервенцијата на државата во економијата. Гледате Америка токму и тоа го прави со донесување на пакетот мерки за спас на економијата.
- Довчерашните завојувани непријатели Америка и Русија неделава си направија меѓусебен гест. Тоа покажува дека САД и Русија можат да изградат меѓусебни пријателски односи и да изградат свет кој ќе почива на меѓусебно пријателство, разбирање, соработка, почитување на правото И.Т.Н. Нешто што сигурно Трамп и Путин во идниот свет ќе започнат да го реализират, овој потег на Путин, а прифатен од Трамп. Сигурно е дека само демократите ќе сакат да го искористат за напад на Трамп. Но тоа нема да им успее, бидејќи Американскиот народ исто како и Рускиот народ е паметен народ како впрочем и секој народ.
- Кризава со короната во целост го разголи довчерашниот двопартиски систем (лево и десно). После кризата доаѓа време на нова политичка идеологија, нови ликови во политиката произлезени од народот, нови политички партии конституирани на нови основи. Некои во Европа се појавија како партиите на Фараж, на Салвини, Орбан, Путин и кај нас новитет од таков калибар е РОДИНА.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!