Не за Диктатура и Полициска Држава на Нелегитимните, а под Лажен Превез на “Заштита од Вирус” – РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Сподели на социјалните платформи:

Во реакцијата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА за воведениот полициски час се вели дека РОДИНА е згрозена од воведувањето диктатура на однадвор инсталираната нелегитимна марионетска власт која го носи името на окупација „Северна“, и повикува на заедничка акција на сите слободољубиви сили против диктаторскиот социјален експеримент на глобалофашистите и нивните домашни слуги кој подолго време се врши против Македонскиот Народ, македонската независнот, економија, природни ресурси, и личната слобода на сите нас во неа, а сега уште позасилено и “под превезот на борба со вирусот”!
 
Воведување на полициски час од 16 часот до 5 наутро, како и за време на викенди, претставува грубо прекршување на основните човекови права и злоупотреба на ситуацијата, за одржување на крајно неспособната инсталација на странската служба која го носи името Влада на „Северна“.
 
Врвните домашни и светски епидемиолози јасно укажаа дека не се работи за пандемија, туку за малку поопасна варијација на корона вирус, која може да се помине со мерки кои грубо нема да го ограничат движењето на луѓето. Предложените мерки се заштита на ризичните групи, повозрасната популација, избегнување на поголеми собирање, зголемена хигиена итн…
 
Владата на Северна, која е класична инсталација на неолибералните глобални сили, со нивните алатки, медиуми како средства за ширење на паника, Светска Здравствена Организација, креираа состојба каде Република Македонија е претворена во СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ на глобалните неолиберални сили.
 
РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги повикува политичките партии, невладините организации (без западните инсталации), македонскиот народ, на заедничка АКЦИЈА за да го спречиме СОЦИЈАЛНИОТ ЕКСПЕРИМЕНТ кој веќе подолго време се извршува врз нашиот народ, од времето на хибридната војна и шарената револуција.
 
Повикуваме на формирање на ЕКСПЕРТСКА ТЕХНИЧКА ВЛАДА и мерки кои веќе РОДИНА МАКЕДОНИЈА ги предложи.
 
Застанете на страната на народот, немојте да бидете вечни СЛУГИ на паднатите од човекот елити.
 
Биди член на Родина Македонија

Остави коментар