Браќа и сестри Македонци! Честито да е регистрацијата на единствената суверенистичка опција на Македонскиот Народ, РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Ова е плод на огромната поддршка на целиот народ кој ја препозна единствената можна визија, стратегија и програма за опстанок и процут на секоја нација и поединец во овие глобални премрежја низ кои живееме!
Регистрацијата на политичкиот субјект, кој е иднината на Македонија, е резултат на вашата огромна поддршка на социјалните мрежи, пополнување основачки изјави, огромната поддршка во директните контакти насекаде низ градовите, населбите и селата на нашата прекрасна Македонија каде што сме излегле.
Родина Македонија е вашиот дом ако, како и иницијаторите и основачите, сте ги проѕреле и препознале лажните категории и лажниот избор меѓу леви/десни, нелегитимна власт/квазиопозиција во корумпираниов систем, а кои всушност се една и иста корумпирана “елита” и водат една и иста политика диригирана однадвор и во корист на туѓи интереси а не во интерес на Македонскиот Народ.
Ве повикуваме да си дојдете дома во Родина Македонија, сите вас кои свесно или потсвесно го препознавате духот на времето и борбата за душата и иднината на човештвото помеѓу глобалофашистите и суверенистите, во која ние Македонците сме дел и која заедно со сите слободољубиви народи на светот ќе ја добиеме. Затоа што не сакаме никому зло, туку се бориме за основните човечки и национални права и достоинства, и затоа што ние сме на страна на правдата, правдината, моралот и човечноста.
Родина Македонија е партија на сите вас и затоа вклучете се во следната фаза на нејзиниот раст во најсилен политички субјект во Македонија кој ја формулира и претставува суверенистичката платформата на сега од никого непретставените Македонски Народ и Македонци, на кои корумпираниот систем едноставно им плукна в лице.
Вклучете се како член, како подржувач, како гласач, но и како член на Комисиите и Работните Тела, и член на Општинските Комитети на Родина Македонија (следете ја страницата и пријавувајте се на огласите кои ќе следуваат).
Сега е време во духот на најдобрите Македонски традиции, да се собереме сите Македонци кои ќе ја оцртаат иднината и ќе ја водат Македонија и Македонскиот народ со цврста, умешна, мудра рака низ страшниве глобални премрежа до слободата и поправеден и подобар свет.
Родина Македонија има визија, стратегија, способност, енергија, непоткупливост, и жар да се бори за возобновување на Македонската државност и враќање на Република Македонија во служба на Македонскиот Народ, и тоа ќе го постигне, дали утре, задутре или за година две, три, едно е јасно, ние нема да скршнеме од патот ниту некогаш да се умориме од борбата за нашата прекрасна Македонија и за секој поединец и секое семејство во неа, и ќе ја водиме до конечна победа.
Македонија Вечна!
Бидете дел од политичката партија Родина Македонија
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/