Некои кои мечтаат за панел-групи за решавање смрт или живот, и рационализирање на здравствената заштита, се чини со радост пречекуваат се што е дел од глобалофашистичката агенда за намалување (читај истребување) на населението во светот. Еве шкотски службеник кој зборува дека коронавирусот ќе биде „доста корисен“ за, внимавајте сега, тргање на “блокирачи” на кревети во здравстениот систем на Велика Британија. Или со други зборови, таа зборува за тоа колку одлично ќе биде да се ослободиме од постарите луѓе кои ете, само заземаат кревети во болниците.
Но, сега таа зачекори подалеку велејќи: „Ако сте компанија за нега на старци дома, пандемијата е една од работите за кои размислувате како потенцијална штета за вашата деловна активност, но во болница во која има на пример 92 одложени испишувања на пациенти, пандемијата би била многу корисна затоа што вашата болница би работела бидејќи овие луѓе ќе бидат извадени од системот“.
Видеото на Дејли Меил го потврдува ова:
Како да беше доволно, професорката Ендрјус ги повтори тврдењата и нејзиниот став, како што пренесува Телеграф :
Професорката Ендрјус изјави за радио Би-Би-Си на Шкотска дека нејзините забелешки не биле „грозни“, туку „вистинити“ и тврди дека работниците во Здравстениот Систем „веќе биле на колена“.
Иако рече дека и е „навистина жал што ова ги вознемири луѓето“, таа инсистираше дека: „Јас сум пријател со постарите луѓе и работев за нивните права и се грижам за нив целиот мој професионален живот“.
Но, Брајан Слоан, главен извршен директор на Ејџ Шкотска, е шокиран: „Застрашувачкиот предлог дека смртта на ранливите, постарите луѓе ќе биде погодна затоа што тоа ќе ја олесни работата на болниците, е неверојатен.
Тој додаде: „Овие луѓе што таа сака да ги фрли во смрт се мајки, браќа, баби и дедовци и пријатели. Замислете да сте вие или некој близок до вас во оваа позиција“.
Инаку Шкотска е дел од единствениот здравстен систем на Велика Британија.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!