Каков спектакуларен тајминг. Како рикошет од чукањето на Рајските Врати, во време на беснеење на хистеријата околу вирусот на пандемијата, и новата нормалност дека Планетата Земја е заклучена на неодредено време, легендата Боб Дилан изработи зачудувачко 17-минутно ремек дело (над два милиони гледања за само неколку дена) што ја крши лажната глобалофашистичка наратива и го дисецира атентатот во кој како куче беше убиен тогашниот Претседател на САД, Џон Кенеди, на 22 ноември 1963 година. Во вакви времиња, ваква песна на легендата на светската музика на многумина им заличува на последна лебедова песна и барање беља, но и онака веќе стариот Боб Дилан најверојатно смета дека и нема веќе од што да се плаши, и по свое, уште еднаш пред смртта да ја пренесе вистината до светот.
За новите генерации, а да не зборуваме за опсесивните Диланолози, ова е тежок нокаут за лажната глобалофашистичка наратива. Безброј очи ќе бидат повторно вперени кон Кенеди, кои ќе ги разгледаат сите спомени што се вртат околу „Денот кога му го разнесоа мозокот на кралот / Илјадници гледаа, но никој не виде ништо“.
Но, тоа не е сè: Ако има некаков културен артефакт способен да испрати моќен сигнал низ раздробената Америка, обидувајќи се да се справи со дистопичната реалност која се топи пред нашите очи, ова е тоа, дело на неспорен, вистински херој и легенда, Боб Дилан.
Има толку многу пораки во стиховите на Дилан што би биле достојни за посебен трактат, следејќи го вртлогот на музика, литература, филмски референци и испреплетеност на Америка.
Ова е суштински длабока мантра поставена на пијано, ритам секција и виолина. Имаме двајца наратори: умирачкиот Кенеди („Се возам назад во колата покрај мојата сопруга / Правец директно кон задгробниот живот / Јас сум наведнат налево, и главата ми падна во нејзиниот скут / О Господи, јас се доведов во некаква стапица“) и вториот наратор, самиот Дилан плус повремени интервенции, како што се зборовите на убијците на Кенеди.
„Тогаш тие му ја разнесоа главата, додека тој сè уште беше во автомобилот / Застрелан како куче на сред бел ден / Дали беше прашање на време и времето беше дојдено / Имате неплатени долгови што дојдовме да ги собереме / Ние ќе те убиеме со омраза, без никаква почит / Ќе се исмеваме и ќе ве шокираме и ќе ти се кезиме во твоето лице / Веќе имаме некој овде да го заземе твоето место“.
Бисерот во срцето на Дилановата песна не е ништо помалку апокалиптичен:
„Тие го убија еднаш и двапати го убија / го убија како човечка жртва / Денот кога го убиле, некој ми рече, /„Сине, ерата на антихристот штотуку започна.“
Дополнителни зборови за да се дефинира, би биле излишни. Каде и да сте во заклучената планета, седете дома во режимот на социјално растојание дома, вклучете се, поврзете се и патувајте низ времето. Ќе има крв на патот како што вели Боб Дилан.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!