По Британија и Руската Медицина со Ист Став: Ковид-19 не е Особено Опасна Инфекција – Паниката е Фабрикувана!
Сподели на социјалните платформи:

 

Во отвореното писмо од медицинските асоциjации на Русиjа до Претседателот Путин се вели дека КОВИД-19 не е особено опасна инфекција. Во Русиjа од пневмониjа годишно умираат околу 30.000 луѓе, а низ светот смртноста од туберколоза изнесува 1.300.000 на годишно ниво, но хистерии и паника нема за овие пострашни заболувања. Сметаме дека во светов се спроведува: планирана кампања за паника на меѓународно ниво, со цел на одземање на правата на народите создавање на електронски конц-логор, и убедување на населението да се потчини на воена команда со изговор дека се работи за опасност по животот, се вели во обраќањето на медицинските асоцијации на Русија!

Го пренесуваме во целост отворено писмо од медицинските асоциjации на Русиjа до:

Претседателот на РФ Путин В. В.
Владата на РФ
Премиерот Мишустин М. В.
Федералната служба по надзор во сферата заштита правата  на потрошувачите и благосостоjба на човекот
Министерство за образование
Министерство за здравство на РФ

РЕЗОЛУЦИJА НА ОКРУГЛАТА МАСА –  “Короновирус: борба против вирусот или  против правата на народот?”

Ние, автохтониот народ на Русиjа, граѓански активисти и друштвото на лекари, со завршено медицинско образование, учесници на округлата маса:

Короновирус: борба против вирусот или  против правата на народот? – коjа се одржа на 22 .03 .2020 година , бараме од вас да престане ширењето паника меѓу населението во нашата земjа. Во сегашноста, сите канали од националниете телевизии, исто така  каналите кои пренесуваат новости низ интернет просторот, 70 % од содржините создаваат паника меѓу населението со застрашувачки информации за коронавирусот, додека во исто време, за вистинската суштина и обjаснување на болеста предизвикана од вирусот немаме информации од Министерството за здравство, Владата, ниту од средствата за jавно информирање.

КОРОНAВИРУСОТ COVID-2019 – не претставува особено опасна инфекциjа, станува збор за класична ОРВИ (Остро Респираторна Вирусна Инфекциjа ) со тежок тек на болеста. Според статистичките податоци, епидемии на ОРВИ и грип, се случуваат на секои две-три години, пандемии на секои дваесет-триесет години. Од пнеумониjа , како компликациjа во текот на ОРВИ – умираат лица со ослабен имунитет. Денес, според сите класични пaрaметри, епидемиjа и пандемиjа – нема.

Епидемиjа – распространување на инфекциско заболување на 5% од населението, а пандемиjа – епидемиjа на инфекциско заболување окарактеризирано со распространување на околните држави и други земjи од светот.

Медицинските експерти тврдат дека во актуелно време во светот нема епидемиjа, дотолку повеќе – пандемиjа! Но нивните гласови намерно ги приглушуваат врескавите распространувачи на паника – медиумите, во своjство на средствата за jавно информирање .

Според статистиката, во Русиjа од пневмониjа (запаление на белите дробови), годишно умираат околу 30.000 луѓе, а низ светот околу 445 милиони луѓе заболуваат од пневмониjа, смртноста од туберколоза изнесува 1.300.000 на годишно ниво. Но, медиумите никогаш не зборуваат за епидемиjа или пандемиjа на запаление на белите дробови или туберколоза.

Ние, исто така, сметаме дека постои лажење од страна високите органи на власт низ целиот свет.

Отворени извори, зборуваат  за смртни случаи каj, возрасната популациjа како резултат на гериjатриски  заболувања, кои што му се припишуваат на корона вирусот. Не е таjна дека наjголем процент од леталните случаи го сочинуваат стари лица. На пример, во Италиjа, каде што е демонстрирана наjвисока смртност , средната возраст изнесува 79,4 години.

Разборчива и сигурна информација се уште нема за тоа дали воопшто постоjат  тестови кои што би го изолирале и лоцирале корона вирусот. Имунолозите, потвруваат дека е невозможна изработка на такви тестови,  за глобални потреби за скоро време. Каков е тестот, на коj што се подложни тестираните, исто така е непознатица за jавноста. Тогаш, на каква основа се врши диjагностицирањето каj луѓето , на кои им се определува карантин? Ова е легално прашање за организаторите на паниката.

Врз основа на сето погоре наброеното, ние сметаме дека во светов  се спроведува: планирана кампања за паника на меѓународно ниво,  со цел создавање на електронски конц- логор , кампања коjа низ разни ,,маневри,, има задача да го потчини населението под воена команда со изговор за опасност по животот. И СЗО, обjави пандемиjа, очигледно под притисок на светската управувачка елита, и неjзината потреба да ја  потчини глобалната човечка популациjа, како и потребата за реализација на планот ,,Златна милиjарда,, со што би отпочнала ерата на Новиот светски поредок!

Според наше мислење, народот се заплашува со ужас од смрт, заради негова согласност за самоизолациjа. Познат е фактот дека осаменоста jа трауматизира човечката психика повеќе од било коjа друга стресна ситуациjа. Осамен, психички неизбалансираниот човек, го губи последниот имунитет и здрав смисол. Така, насилно  раздробеното, и со постоjано чуство на ужас и паника општество, станува лесен плен за господарите со нашите животи и судбини. Имено, смртноста при вакви околности  се зголемува и без присуство на било каков вирус или претходно заболување, се вели воп отвореното писмо на медицинските асоциjации на Русиjа до Претседателот Путин.

(Превод и обработка: Зоран Курљан)

Ова доаѓа по сличната одлука на Британското министерство за здравство кое од 19-ти март 2020 престана да го смета Ковид-19 како особено опасна заразна болест.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

2 thoughts on “По Британија и Руската Медицина со Ист Став: Ковид-19 не е Особено Опасна Инфекција – Паниката е Фабрикувана!

Остави коментар