Го Памтите Свинскиот Грип од 2010та? Не! А и Зошто да го Памтите. Само 1.4 Милијарда Заразени и 500.000 Мртви!
Сподели на социјалните платформи:

 

Колкумина од нас пак се сеќаваат на свинскиот грип 2009, 2010 година? Не се сеќаваме! Мислам, се сеќаваме дека го имавме, ама како низ магла. Но, не се сеќаваме на никаква паника и хистерија околу Свинскиот Грип, кој според научното списание Live Science во 2009/2010 инфицирал дури 1,4 милијарди луѓе ширум светот и убил до 575.400! Разликата е дека тогаш претседател на САД беше возљубената марионета на глобалистите Обама, а сега претседател е омразениот од глобалистите Трамп, кој со оваа фабрикувана хистерија треба да се сруши или пред или на изборите во ноември 2020, пишува познатиот конзервативен аналитичар Раш Лимбо!

Или како што пишува познатиот американски конзервативен аналитичар, Раш Лимбо, “А колкумина од вас пак се сеќаваат на свинскиот грип 2009, 2010 година? Не се сеќаваме! Мислам, се сеќаваме дека го имавме, ама како низ магла. Но, не се сеќаваме на никаква паника и хистерија околу Свинскиот Грип! Се потрудив и погледнав статистики од тоа време и се запрепастив. Дали сте подготвени за ова? Po избувнувањето на свински грип во САД во 2009 и 2010 година, заразени се 60 милиони Американци. Се сеќавате ли на тоа? Шеесет милиони биле заразени.”

Дали знаете колку лица биле хоспитализирани во 2009-2010 година со свински грип? Триста илјади биле хоспитализирани. Значи 60 милиони заразени, 300.000 хоспитализирани. И никој не се сеќава на тоа. И зошто? Па, затоа што имавме различен претседател вели Раш Лимбо, имавме претседател марионета на глбалистите, по име Барак Обама, а тогаш веста на денот на истове корумпирани медиуиму беше колку прекрасно, колку стручно и добро се справи Обама со Свинскиот Грип, а сега претседател е Трамп, против кого мора да се направи хистерија и паника за да се урне илли пред или на изборите во ноември годинава.

Застрашувачките последици од Свинскиот Грип, премолчан од истиве хистераши и паничари со задна намера, ги потврдува и научнотот списание Live Science. Помина малку повеќе од една деценија откако светот ја доживеа својата последна пандемија, свинскиот грип во Х1Н1 во 2009 година. Помеѓу пролетта 2009 година и пролетта 2010 година, вирусот инфицирал дури 1,4 милијарди луѓе ширум светот и убил до 575.400 луѓе, според Центрите за заштита и контрола на болести, пишува научното списание Live Science.

Сега, кога светот е среде пандемијата Ковид-19, како се разликуваат овие болести?

Пандемијата на грип во 2009 година беше втора пандемија на Х1Н1 во светот – првиот е шпанскиот грип во 1918 година, сè уште најсмртоносна пандемија во историјата. Пандемијата во 2009 година беше предизвикана од ново соединение на Х1Н1, кое потекнува од Мексико во пролетта 2009 година, пред да се прошири во остатокот од светот. До јуни истата година имало доволно случаи што Светската здравствена организација го прогласила за избувнувањето на свински грип за пандемија.

Во САД, помеѓу април 2009 и април 2010 година, ЦДЦ проценува дека имало 60,8 милиони случаи на свински грип, со над 274.000 хоспитализации и скоро 12.500 смртни случаи.

Пандемијата на грип во 2009 година првенствено ги зафати децата и младите возрасни лица, а 80% од смртните случаи биле кај лица помлади од 65 години, објави ЦДЦ. Тоа беше невообичаено, имајќи предвид дека повеќето видови вируси на грип, вклучително и оние кои предизвикуваат сезонски грип, предизвикуваат најголем процент на смртни случаи кај лица на возраст од 65 години и постари.

Но, во случајот на свинскиот грип, постарите луѓе се чинеше дека веќе имаат изградено доволно имунитет на групата вируси на кои припаѓа Х1Н1, така што не беа засегнати толку многу. Додека сега најповеќе страдаат старите и со претходен историјат на болести, како на пример во Италија каде средната возраст на смртните случаи од Ковид-19 е околу 80 години старост.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар