Холандија и Шведска зазедоа поинаков пристап кон коронавирусот, населението да не биде во карантин, и со изложувањето на вирусот како и со секоја друга заразна болест да се стекне природен групен имунитет на нацијата. Професоритe Франкс и Нилсен, ги подржуваат ваквите политики со објаснување, “во споредба со шпанскиот грип, КОВИД-19 е помалку тежок, при што многу заразени лица се асимптоматски. Иако ова придонесува за побрзо ширење, тоа исто така значи дека прагот за „групниот имунитет“ кој е околу 60% од населението може брзо да се постигне во земји кои не применуваат хистерични стратегии за интензивно ублажување или сузбивање. Достигањето на групниот имунитет исто така може да го намали ризикот од дополнителни бранови на епидемијата. Ова ќе ја земе предвид не само загубата на животи од пандемијата, туку и долгорочните социјални и економски негативни последици и смртните случаи што може да ги предизвикаат. Бидејќи, на крајот, несразмерните и неефикасни заклучувања може да предизвикаат уште повеќе смртни случаи и страдања отколку што ќе донесе пандемијата Ковид-19 во блиска иднина”, пишуваат професорите Франкс и Нилсен.”
Холандскиот премиер Марк Руте вели дека во суштина социјалното дистанцирање само ќе ги продолжи катастрофалните ефекти на вирусот. Тој верува – засновано на знаењето на медицинските професионалци – дека холандското население треба да биде изложено на вирусот за да може да се формира имунитет и општеството може да се врати во чувство на нормалност што е можно побрзо.
Холандската влада затвори училишта, кафулиња, кина, но нема карантин, вонредна состојба ниту полициски час, и луѓето слободно се движат и мрежата за јавен превоз е отворена.
Шведска има слична политика кон Ковид-19 и тоа засега ги прави Шведска и Холандија исклучок во Западна Европа. Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Данска, Австрија и Швајцарија сите тргнаа во целосно заклучување на народите, заедно со делови од Германија кои се блокирани.
Отпорот на Шведска кон заклучувањето на нацијата предизвикува прашања во врска со несразмерно жестокиот пристап низ светот, пишува Дејли Телеграф кој има само пофалби за секогаш прагматичните Швеѓани кои ја знаат цената на тоталното заклучување кое е лудо непропорционално со фактите околу вирусот.
Шведска во моментов е една од ретките земји во западниот свет која се чини дека се справува со коронавирусот со здрав разум и воздржаност или барем, да се стави крајна интервенција колку што е можно подолго.
„Шведска не може да преземе драконски мерки кои имаат ограничено влијание врз епидемијата, но ги нокаутираат функциите на општеството“, изјави минатата недела нминистерот за јавно здравје Јохан Карлсон, изјавувајќи гласно за што размислуваат многумина: Вирусот е веќе раширен, а вакцината не е веројатна следниве 18 месеци. Наредните недели и месеци неизбежно ќе ги урнат националните здравствени системи, но далеку повеќе животи и егзистенција ќе бидат уништени како резултат на затворање на целата економија отколку животите изгубени од овој вирус…
Добро, ете ни стана јасно има 2 начина за справување со епидемија (зараза или кој како и да ја вика).
(Првиот начин е иманентен-својствен за нашата култура, менталитет и животна филозофија, токму во тоа е разликата и тое е онаа што не прави различни од развиениот и успешен запад и нас заостанатите, затоа што сме повеќе луѓе од колку што треба – се надевам денешната генерација нема и врз ова да се … и да го испогани!) Вториот начин е тнр. колективен имунитет (инаку љубителите на истиот уште нагалено го нарекуваат и стадо имунитет, имате до толку у глаата за да сватите за нивната животинска енергија и кој е стадо), овој начин и жвотна филозофија сосема одговара на скандинавскиот менталитет и филозофија, и до тука нема никаков проблем, нели ќе умираат само стари луѓе кои имаат слаб имунитет и оние кои се родиле со слаб имунитет дарвинизам-канибализам на најјако, ако терајте!
Значи бањативе, западњациве и напредните и друг вид на таков човечки отпад одлучија да ги жртвуваат генерациите кои им ја овозможија денешната благосостојба, тие да ти служеле само да им создадат на помладата генерација само услови да ги задоволи своите претежно анимални потреби, ……..е сега ако говориме искрено и тие старите си го заслужија, сепак се тие оние кои ги воспитале своите деца така, сега само го собираат медот од тоа што посеале, ако, и денешнава генерација ќе дојде во позиција да го собира онаа што денес го сее, денес не може да го види тоа а кога ќе може ќе биде предоцна!
Оваа цивилизација со сите нејзини успеси Не успеа човекот да го воспита и да го оtтргне од неговите корени-предците, онаа анималното исплива на површина во сиот свој раскош!