Не 250$ Милиони Рекет на Воено-Криминалниот Геноциден НАТО – Координативно Тело на Македонците, Европа!
Сподели на социјалните платформи:

 

Не за НАТО, Не за ЕУ како с…… Сигурно не, Ние сме Македонци. Не за 250 милиони долари годишен рекет на военокриминалната организација која креира и подржува терористи како ИСИС и УЧК, не за Македонски војници во окупаторски НАТО војни за убивање недолжни народи, не за осиромашен ураниум на Криволак, и не за националниот геноцид врз нас Македонците – порачува Координативно Тело на Македонците во Европа.

Во моменти на најголема светска здравствена и економска криза, полициски час, вчера и официјално С…Македонија стана член на светската воена органицација, НАТО.

Скоро сите парламентарни партии што учествува во процесот на менување на Уставот, го поздравија овој за нив свечен чин и реализирање на триесетгодишниот нивен напор.

На нивните честитки проследени со плутонски пискотници , сосем различни од оние од Галичник, се надоврзаа голем број на медиуми и политички личности, како од земјата така и од надвор, како на пример од Унгарија.

Сите среќни и задоволни со постигнатото.

А што всушност тоа подразбира?

  1. Со самото менување на име и договорот од Преспа, Македонците повеќе не постојат и како коси црти ќе бидат застапени во регистарот на сите светски организации .
  2. Нато и искуството со војната од 2001 во Македонија, подразбира терористичка организација која транспарентно ги создаде условите на разнебитнување на државата и им даде воена и логистичка подршка на оние , кои се дрзнаа да ја нападнат државата . Сега во истата оваа организација ќе треба да се гордееме и учествуваме.
  3. Државниот буџет ќе биде годишно олеснет за околу 250 милиони долари, кој и така е веќе неподнослив за обичниот народ.
  4. Учество на македонските војници во агресивните војни на организацијата насекаде во светот.
  5. Слободно користење на полигоните и територијата за интересите на истата, што подразбира еколошко загадување и ураниумски и други штетни материи по здравјето на луѓето.

Дали сите овие “придобивки” заслужуваат коси црти?

Сигурно не, Ние сме Македонци
Не за НАТО, Не за ЕУ како с…..

Координативно Тело на Македонците -Европа
Женева, 28 март 2020

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар