Вештачки Фабрикуваната Паника ќе Помине, Одземањето на Слободите е за да Остане – РОДИНА Ќе Го Спречи Тоа!
Сподели на социјалните платформи:

 

РОДИНА МАКЕДОНИЈА во реакција на хистеријата околу коронавирусот со која глобалофашистите и нивните домашни слуги сакаат да го довршат поробувањето на народите и поединците, пишува:

Сведоци сме на вештачки предизвикана глобална паника во врска со исто така вештачки креиран вирус – еквивалентен на варијација на грип – со цел да се забрза разврската на сегашната борба за душата и иднината на човештвото која се води меѓу силите на доброто и силите на злото.

Браќа и сестри Македонци. Борбата на живот и смрт се води меѓу лажната глобалистичка визија во корист на рака корумпирани луѓе, корпорации и нивните домашни купени слуги во разни држави вклучително и во Македонија а на штета на сите нас, и, суверенистичката визија на вистинскиот глобализам на суверени, слободни и горди нации и поединци на кои припаѓаме и ние како Родина и визија која е иднината на Македонскиот Народ и на сите нас како слободни поединци.

Родина Македонија ја гледа и сегашната вештачки креирана пандемија и фабрикувана паника како дел од тој грозен тоталитарен план за одземање на преостанатите слободи и права под превезот дека “не спасуваат од нешто полошо” а всушност од обичен грип.

Целта на глобалофашистите е под превезот на спас да ни воведат тоталитарна контрола полоша дури и од времето на Комунизмот и да ни ги до-одземат и последните национални и лични слободи, да не извакцинираат до кома, да ни ги одземаат децата од родителите за своите болни цели, да го запечатат нашето национално и лично економско поробување и закрепостување.

Патетичните копи-пејст мерки на предавничката нелегитимна пучистичка Хунта не се ни достојни за коментар затоа што тие и никогаш немале капацитет да создадат нешто свое освен да исполнуваат директиви од странските наредбодавачи а најмалку имале грижа за Македонија и нашиот народ и граѓани кои ги обезличија, економски поробија и чии заеднички ресурси и јавни добра ги раздаваат за џабе и ситен рушвет за својот џеб.

Родина и Македонскиот Народ одамна ја проѕреа монструозната игра на глобалофашистите за глобално поробување на народите и поединците, и улогата во таа игра на предавничката нелегитимна пучистичка Хунта и на тивките одработувачи од квази-опозицијата.

Затоа, браќа и сестри, ве повикуваме под бајракот на Родина да си ги одбраниме заедно националните и лични слободи и права, гордо, смело, рамо до рамо си сите слободолјубиви народи против истиот глобалофашистички непријател кој е веќе морално, економски и воено поразен. Затоа што правдата, правдината и вистината се наша страна.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

Остави коментар