КоронаВирусот да не Сепне да си ги Вратиме Загубените Човечки Вредности – Виолета Петковска!
Сподели на социјалните платформи:

 

Додека деновиве се самоизолиравме од заразниот корона вирус, преокупирани со секојдневните известувања и препораки за новозаразени и се по строгите мерки препорачани од светската здравствена организација, верувајте во моите очи се падна по вреднување и значење во било кој сегмент на нашето живеење!

Наеднаш исплива на површина само битката за здравјето, како да ја прифатиме сериозноста на заразниот вирус ковит-19 кој се рашири по светот со брзина на светлината и народите ги стави во домашен притвор или самоизолација, забрана за патување во државите прогласени од висок ризик, проверка на патниците кои влегуваат и си одат со препирака од 14-дневен карантин заради претпазливост и лична безбедност итн!

Бизнисите ставени на минимум работа и соработка, угостителите со посебен режим на работа и минимум вработени, додека маркетите и аптеките работат, но, до 18.00 часот. На почетокот на текстот напишав дека се падна во моите очи по важност, сега сме ставени сите еднакво на грижа само и само за своето здравје. Сега никој од нас не прави разлика која партија е, која нација и религија, колку е богат или сиромашен!

Сега наеднаш сите сфаќаме дека заради личното здравје и здравјето на нашите деца и најблиски можеме да се спасиме само ако едни на други си бидеме пријатели!

Сега никој не вели, сдсмовците седат по кафулињата за да ги заразат вмровците и обратно,туку свеста им е голема на сите подеднакво околу претпазливоста, македонците апелираат до албанците да не се собираат во масовни групи, да се воздржат од средби по чајџилниците и религиските обреди во своите свети храмови за да не се заразуваат едни меѓу други!

Во маката сите сме исти и во борбата за надминување на заразата сите сме еднакви и сакаме шти е можно побргу да се вратиме во нормала, да излеземе од карантин, да почнеме повторно да се движиме слободно и градовите да го вратат својот живописен шарм на живи градови, а не на зомбирани места кај што се слушаат само воздишките на исплашените луѓе.

Да се врати детскиот џагор по парковите и училиштата, вдахнувањето на маалата, бидејки без малите насмевки и џагорења е тешко да се замисли животот во околуната и дома, бидејки радоста ја носат најмалите, највеселите и најчистите душички!

Е, кога се ова го научивме и научивме дека над се и пред се е важен животот и здравјето. Дали во иднина ќе продолжиме повторно со себичноста, алчноста, грабежите, подлоста во политиката за власт и моќ. Ќе грабаме ли едни како да имаат десет животи, а другите да преживуваат само и во тој еден и единствен живот. Сфаќате ли сега дека единствените најголеми непријатели можеме да си бидеме само сами на себе. Зошто?

Па затоа што ич не е лесно да си во утрка на постојано смислување како да зграбиш или украдеш повеќе од другиот. Да му го одземеш правото на слобода, доволно храна и општо да живее среќно во својата држава! Да го држиш народот ти алчниот нечовек, човекот во ропство?

Од каде таков порив кај индивидуите, па, од таму од длабоката непочит кон себе најпрво. Оној кој себе си се вреднува и почитува ќе ги вреднува и почитува сите други, оној кој се сака себе си знае и умее да ги сака сите други!

Оној кој е духовно богат ги вреднува и применува само вистинските вредности и нема потреба од изнудени аплаузи, лажен сјај, нема потреба да го држи народот во ропство за послушност и да му покажува моќ. Не му одзема од слободата да се изразува слободно, да искаже револт, го остава да биде она што сака, да се нарекува како сака и да ја гради својата самобитност, историја и традиција низ времињата, без да биде присилен да биде некој друг или никој и ништо.

И короната ќе ја преживееме, но, ако сфатиме дека на овој свет сме само попатно и дека единствено што треба е да бидеме човечни. На светот има многу луѓе, но ретко кој е човек. Да сфатиме дека имаме еден живот кој треба да го трошиме во љубов и спокој, а не во НАТО милитантните организации каде што ништо друго не се прави, освен што се одземаат животи, се рушат со бомби држави и им се ограбуваат ресурсите и природните богатства!

Затоа Родина Македонија со својата суверенистичка програма и заедно со Македонскиот Народ го носи духот на вистинските вредности на заедничкото живеење, помагање, на чест и почит и грижа на еден за друг, наши традиционални принципи и вредности кои сега се зафрлени в ќош од страна на глобалистите и нивните домашни слуги.

Наместо да сонуваме за лажниот рај и сјај на Еу, да го создадеме тука дома во нашата мала и единствена убава земја Македонија!

 

Виолета Петковска, Родина Македонија

Биди член на Родина Македонија!

 

https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

 

 

 

Остави коментар