Светот е зафатен од пандемија. Страшно е, човековата цивилизација е под закана. Се дојде од Кина, а од каде од друго место кога производството таму е најефтино, од таму пристигна првите снимки на луѓе инфецирани од корона вирусот. Некој си порача паника на алиекспрес и нормално Кинезите вредни, коректни, конкурентни и пазарно настроени соодветно ја испорачаа. Вакво производство на запад кошта премногу, кулите близначки на пример, или лошата ефтина видео продукција со камионите во толпа народ низ европските метрополи без ниту една капка крв од повредените и прес коференции на болнички паркинзи наместо со повредените во позадина. Ви текнува ли на онаа прва снимка од Кина, кога луѓе со маски на лицето и кеси во рацете „паѓаа на улица како презреани круши“ и тука веднаш се стрчуваа лекарски екипи со скафандери да интервенираат. Страшно. Ја барав оваа снимка по интернет сега, не се наоѓа. Да претерано беше драматизирањето и ја тргнаа, такви симптоми нема при вирусна инфекција, од вирус така не се паѓа, но панично делува а токму тоа и се бараше, ефектот го гледаме околу нас.
Да беше ова толку страшно, колку што го претставуваат глобалните властодршци и нивните локални подници преку нивните медиуми, нештата ќе одеа по следната логика:
1. СЗО преку ОН ќе дадеше јасни инструкции за вонредна состојба на сите влади во светот.
2. ЕУ и НАТО како две водечки економско-воено-политички организации на „западната меѓународна и единствено цивилизирана заедница“ веднаш преку своите канали на влијание, што официјални уште повеќе неофицијални, ќе издејствуваше од сите влади под својот „чадор“ да воведат итни и строги вонредни мерки, но тоа не се случи. Само медиумите под нивниот чадор добија инструкции да шират паника, ништо повеќе.
3. Да беше толку страшна и реална пандемијата, немаше нашите властодршци толку да се колебаат дали да биде вонредна или кризна состојба или обични препораки со закани од силни казни како што е сега, туку веднаш ќе воведеа драстични мерки по налог на нато и еу во форма на лидерска средба во некоја биртија на чело со америчкиот амбасадор, па макар тоа било и против уставот и законите, како што впрочем и функционираме 30 години, а отпосле ќе правеа неуставни законски ујдурми за правно да се покријат. Но вака правно недефинирано ефектот го постигнаа, а одговорноста се префрла пониско од власта, која само препорачува. Политички се чисти, цехот ќе се плаќа од долу. Математички прецизно.
4. Замислете името МАКЕДОНИЈА имаше поголем проритет и поголема опасност за светот од пандемијата со некој си вирус, па за промената на истото се расправаше во Совет за безбедност на ОН и се прекршија Меѓународниот правен поредок и Уставот и Законите на Македонија по налог на нато и еу. За пандемијата која сериозно му прети на човештвото нема вакви мерки.
5. Да беше вирусот престрашен за човештвото, под притисок на нато ќе се собереа нашите пратеници да прогласат вонредна состојба исто како и пратениците во шпанскиот парламент кои го гласаа зачленувањето на Македонија во нато како еинствена точка на дневен ред во услови на светска пандемија со корона вирус, нормално со срамната и неуставна придавка. И повторно има нешто поприоритетно за светот од „страшниот вирус, а тоа е зачленувањето на Македонија во нато.
6. На лудилото му нема крај, па за нато поприоритетно е трупањето на војска, оружје и техника на руската граница во вид на некакви однапред закажани „вежби“ во источна европа, од заштита на истите тие војници од непотребно собирање на исто место во услови на светска пандемија. Па нели светот е во опасност од пандемија од вирус, а не од воена агресија од Русија.
7. Дали ќе беше попаметно парите што сад, под превезот на нато, ги трошат на воени вежби, да ги искористат на купување на медицинска опрема која ќе ја донираат на своите сиромашни нови сојузници, Бугарија, Романија, Албанија, Црна гора, Македонија. Или нормално во Кина се кошта поефтино, па донации стигаат од таму, додека нато продолжува со својата окупација на светот.
8. . . .
Цунамито од паника во ЕУ во еден миг ја сруши фасадата на заедништво и солидарност помеѓу „рамноправните“ членки и останаа на виделина само алчните конструкции во вид на „што е ваше и наше е, што е мое, само мое си е“, „туѓото го сакаме, своето не го даваме“. За кусо време наштите властодржци повторно ќе излезат со демагогијта како во нема алтернатива за ЕУ и како таму многу убаво ќе живееме, оти еве Бугарите, Романците и Хрватите така кажуваат, тие повеќе од 10години „гледаат“ како во Европа убаво се живее. А во реалноста границите преку ноќ воскреснаа, солидарност никаде.
А сега слушајте ги препораките на властодршците, седете дома и гледајте претстава, „има време за реновирање“ рече вилипче, оној што до вчера бришеше рокови на вакцини, оној де чиј татко до завчера бришеше рокови на антибиотици, оној истиот што во владата на дпне беше советник за здравство а во владата на сдс е министер за здравство, оној истиот што е дел од владеачката глобална елита на локално ниво, независно кој од демократските актери, сдс или дпне, глуми власт. Според негова проценка состојбата ќе потрае два до три месеци, доволно долго во услови на ограничено движење и дејствување на луѓето да се уништат малите и средни бизниси и фирми.
Дали и тоа е една од целите на глобалистите, окрупнување на капиталот преку уништување на ситните риби во услови на недефинирана криза во која лудиот и збунетиот имаат главна улога. Или можеби крахот на западниот економско-политички систем не смее својата причина да ја има во неспособноста и алчноста на владеачката елита, па сега беше потребен друг виновник, некој си вирус кој секако доаѓа од кај „лошите кинези“, па по методот на „фатете го крадецот“, ние треба да му честитаме на крадецот и во 17 часот да му аплаудираме на истиот оној вилипче кој до вчера беше главниот негативец, а денеска веќе е херој.
Не смее глобалната владеачка елита да биде виновник за крахот на западниот економско-воено-политички систем и на нејзино место да дојде друга елита, тие мора да бидат прогласени како херои и спасители во борба со некој непријател, во случајот некој вирус кој доаѓа од кинески пазар со месо, Како и се друго, и на ова ќе му дојде крајот, а со тоа и есапот, кој најдобро ќе покаже кој порачувал а кој колку испил и изел, вклучително и новата вакцина која како десерт ќе биде послужена на крајот, се разбира од кујната на САД, не дека нема и подобри медицински готвачи во Куба на пример, ама се знае кој треба да го собере бакшишот. Последици секако ќе има, но многу повеќе економско-политички отколку здравствени. Гледај локално, мисли глобално.
Боби Ѓорѓиевски, Член на Централниот Одбор на Родина Македонија!