Многумина од нас Македонците, конзервативци, суверенисти и родољуби се збунети по ова прашање, збунети се тотално по многу прашања од темата “Избори”. Јас лично, изгледа уште повеќе ги збунив со својот настап и повик пред еден месец и со сегашниов став. Затоа ред е да објаснам…
- Мојата позиција пред еден месец беше: Бидете основач на партијата “ Родина Македонија“ со тоа ќе помогнете да има Родољубна партија чија определба е МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ и која има свежи и нови патриотски, економски и политички програми.
Но уште по важно е тоа што Родина Македонија е единствената (народна) партија, на Македонскиот народ (основана буквално од него, без сомнителни пари и надворешни финансиери) која е отворен систем и прима секого кој е за Македонија и Македонците, а е против северна и погубните договори, т.е “Трите НЕ“. Партија која има потенцијали и капацитети да биде јадрото на обединување на сите оние (партии и организации) кои сакаат да кажат и направат нешто добро за Македонија. Токму затоа и повикував да се даде подкрепа на Родина и процесот на ОБЕДИНУВАЊЕ на сите промакедонски сили.
2. Интензивно работев на тоа фамозно и толку посакувано (од сите) обединување. Зошто?
Затоа што само обединети имавме шанса (каква-таква, всушност никаква) да се бориме против бетонирањето на Северна и против системот Курто-Мурто кој историски најдобро работи во Донтов модел. За тие кој не паметат во минатото имало партии со освоени 39.000 гласови, дури со освоени 48.000 гласови кои не освоиле пратеник. Да резимираме Донтовиот изборен модел е кланица за мали и нови партии. Е сега зошто не дојде до обединување кога сите релевантни фактори го знаат горе споменатово, тоа е прашање за 1.000.000$. Одговорот ви го препуштам вам почитувани читатели. Никого не обвинувам и никого не судам, сосема спротивно дел од вината што обединувањето не успеа ја превземам на себе и на своите лимитирани преговарачки позиции. Но тоа е што е. Значи најдоброто нешто за Македонија едноставно го нема, нема “Best Thing“ решение…
3. Токму затоа “Next best thing“ е БОЈКОТ. Има многу фактори зошто е тоа така, според нашите проценки има 45-50 главни фактори зошто Бојкот, но јас ќе издвојам неколку зошто е тоа така:
– Бојкотираме затоа што нема за кого да гласаме ( Ни курто-Ни Мурто) во ситуација кога знаеме дека гласот за малите, нови партии по теорија на најголема веројатност оди кај Курто-Мурто северџаните.
– Бојкотираме затоа што не сакаме да дадеме легитимитет и легалитет на процесот “Бетонирање на северна“
– Бојкотираме затоа што ги игнорираме сите процеси на кои не можеме да делуваме, т.е НЕ ИМ ЈА ИГРАМЕ НАМЕСТЕНАТА ИГРА
– Бојкотираме за да утре имаме кредибилитет и “Образ“ во некој сменети геостратегиски услови да застанеме пред некој институции и фактори и да кажеме: “Да точно е насила ни ја преименуваа државата и шверцерски, НЕЛЕГАЛНО пробуткаа штетни договори и закони, но останаа 500-700.000 Македонци и македонски граѓани кои не го гласаа тоа, кои не го верификуваа сето тоа.”
– Бојкотираме за да извршиме промена на изборниот модел, по систем “Soft power”.
– Бојкотираме за да не им дадеме “Нормативно-правен“ основ да ни ја одземат Република Македонија. Пр. Албанците во 1991год. не гласаа за асномскиот устав и се здобија со нормативно право во 2001 ( во променети геостратешки услови) да побараат негова смена, зошто тие никогаш не се согласиле со тој устав. Друг пример : Сите оние кој во 1947год. потпишале национализација и апроприација на личниот имот, во независна Р.Македонија не добија право на Денационализација на имот, никој не ги праша зошто и како потпишале за национализација?
– Бојкотираме за доброто на малите и нови партии ( идни наши коалиционери и подржувачи) со бојкотот ќе го намалиме % на потребни гласови за влез во парламент, ако во услови на нормална излезност , пратеник се освојува со 12.000 гласови по изборна единица, во услови на општ бојкот , пратеник ќе се освојува со 8000 гласови, примерно. Со други зборови даваме шанса за : Солза, Бачев, Димче…да ја рушат северна од парламентарната говорница…
– И за крај БОЈКОТИРАМЕ зошто сме Бојкотери, бунтовници против Северна, едноставно не им ги играме игрите на окупаторите, исто како нашите дедовци што Бојкотирале избори во : Румелија, Западните Блгарски покраини, Јужна Бановина…значи за нас Северна е држава-систем на непријателот и во него би влегле само ако има шанси од внатре да го демонтираме. Ако нема НЕ ИМ ИГРАМЕ!
Резиме: Користете го умот ( не мозокот) умот вклучува: Душевна, Духовна и Интуитивна компонента на интегралното човеково поимање. Како што рекле нашите премудри стари:
“ УМ ЦАРУВА ; УМ ПАЗАРУВА ; УМ ГУСКИ ПАСЕ ! “
P.S Ова е мое лично мислење со кое сакам да ве поттикнам на размислување, немам никаква лична корист, придобивка или било каква пресметка…само сакам да кажам и направам нешто добро за МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.
Томче Ширков, Член на Претседателството на Родина Македонија.
Биди член на Родина Македонија!
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/