И додека предавничката Хунта со тајното присуство на Јенките кои со осиромашениот ураниум го сквернават нашиот Криволак а некој како Интегра сонуваат сулуди сништа со ракети против Иран под мишка да му бидат Санчо Панса на светскиот писхопат Дон Кихот, има и други лудаци по светов кои непотребно и малоумно си цртаат Цел на своите народи за рака колнати долари фрлени како на кучиња од Империјата на Злото пред распаѓање!
Во застрашувачка нуклеарна ескалација каква што немало ни за време на Студената Војна, по набркувањето на Јенките од земјата членка на НАТО, Турција, САД на почетокот на месецов, март 2020, ги извлече американските нуклеарни бомби од Инџирлик, и ги распореди во Полска и во една друга Балтичка земја, во непосредна близина на Русија, пишува аналитичарот Род Пени.
Авторот Род Рени преку TheDuran.com пишува, тензиите меѓу Турција и Сирија продолжуваат да излегуваат надвор од контрола. Судирите меѓу турските и сириските сили, во услови на офанзива на сириската влада, брзо се закануваат дека ќе ескалираат во целосен конфликт меѓу двајцата соседи и исто така ќе го уништат сојузот меѓу Турција и Русија.
Во услови кога САД се набркани од НАТО-членката Турција, тие одлучија да ги извлечат нуклеарните бомби кои со децении беа стационирани во воената база Инџирлик во Турција. Фактот за зивлекување на нуклеарниот арсенал на САД надвор од земјата се дискутираше широко во турските медиуми.
Турските медиуми информираа дека пет C-17A Globemaster III авиони пристигнале во Инџирлик од германската воздухопловна база Рамштајн и го однеле нуклеарен арсенал во Германија, Полска и една од балтичките држави.
Во рамките на новинарската истрага, Род Рени побара од канцеларијата за јавни работи на американската команда за европски прашања да обезбеди дополнителни информации, но г-дин Марк Мековијак од ЕЦПА одби, повикувајќи се на американската политика.
Но, официјален претставник на Командата за воздушна мобилност, кој посака да остане анонимен, изјави дека нуклеарните бомби веќе биле доставени во Паудиц, Полска на почетокот на март 2020 година.
На овој начин се зголемуваат тензиите во Европа во време на најголемите маневри на САД во Европа, повеќе нуклеарки – можат да предизвикаат оправдани и жестоки реакции од Русија.
Москва веќе предупреди дека руската влада ќе преземе одговорни мерки за претстојното, масовно американско воено распоредување и вежбите предводени од САД низ повеќе европски држави кои граничат со Русија.
Русија не може да ги игнорира овие процеси, кои се од голема загриженост и изјави дека тие ќе одговорат на таков начин што не создаваат непотребни ризици.
Вреди да се напомене дека се што прави Русија како одговор на заканите создадени од членките на НАТО за нејзината безбедност, прават исклучиво на своја територија. Исто како и сите руски нуклеарни оружја се на нејзина територија, за разлика од американското нуклеарно оружје, пишува аналитичарот Род Рени преку TheDuran.com.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!