Идиократијата Објаснета – Нова Студија Открива Дека Западната Диета ги Нарушува Функциите на Мозокот!
Сподели на социјалните платформи:

 

Комбинирајте лоша храна со високи маснотии, хемикалии, ГМО, и со многу додаден шеќер со користење на телефони и технологија и мрзеливост и добивате трајно нарушување на функциите на мозокот на цели генерации западни луѓе, покажува новата научна студија за западната исхрана. Потврдено и од Норвешки научници кои откриле дека коефициентот на интелегенција за родените меѓу 1962 и 1975 растел 3% секоја деценија година но од 1976 наваму, која стана синоним за воведувањето на терминот „ѓубре храна“ ја официјализира новата западна диета, коефициентот на интелегенција почна и продолжува стрмоглаво да паѓа кај народите на западот (види го графиконот подолу).

Заглупувањето на Америка беше објаснето во филмот „Идиократија“ во 2006 година, каде војникот Бауерс (го игра Лук Вилсон) е дефиницијата за „просечен Американец“ и со учеството во програма за хибернации на Пентагон се буди пет векови подоцна, само за да открие колку глупаво општество станал светот, и веднаш по будењето во 2500 година тој е прогласен за најпаметната личност на светот.

Дека Америка и навистина е на патеката каде нејзините граѓани стануваат глупави како камења и тоа не во наредните неколку века, туку дека веќе сме сведоци на тоа овие неколку децении.

Нова студија сугерира дека ова е можно преку денешните трендови на јадење во западните земји кои сериозно ги нарушува функциите на мозокот.

Истражувачите откриле дека волонтерите во студијата имале повисоки когнитивни процеси кога не конзумирале диети со високи маснотии, хемикалии, ГМО, и додаден шеќер, работи кои се основа и најчесто се наоѓаат во многу оброци во западен стил.

Ричард Стивенсон, професор по психологија на Универзитетот Мекквари во Сиднеј и еден од коавторите на студијата, рече дека јадењето диета во западен стил предизвикува одредено нарушување во регионот на хипокампусот на мозокот, делот што вклучува меморија и контрола на апетитот.

„После една недела на диета во западен стил, храната, како и закуските и чоколадо на пример, станува попосакувани и кога сте веќе сити“, изјави Стивенсон за „Гардијан“. „Ова не ви дава да се спротивставите, ве тера да јадете повеќе, што пак предизвикува уште поголема штета на хипокампусот и злокобен циклус на прејадување.

На доволно долго време, нарушувањата предизвикани од диетите во западен стил доведуваат до долгорочно и трајно паѓање на функцијата на мозокот во идните генерации на Америка, пишува студијата.

Норвешките истражувачи во 2018 година ги анализирале IQ коефициентите на интелегенција на луѓе од западните земји меѓу 1962 и 1991 година и откриле дека оценките се зголемувале за скоро 3 процентни поени секоја деценија за оние родени во периодот од 1962 до 1975 година – но потоа,  скоро истата година кога терминот „ѓубре храна“ ја официјализира новата западна диета во 1976 година, IQ резултатите почнаа стрмоглаво да паѓаат.

Еве неколку статистики кои покажуваат дека Америка стана „идиократија“…

  • пред 30 години, Соединетите држави доделија повеќе дипломи од средно училиште од сите други земји во светот. Денес, паднаа на 36-то место .
  • Според Пентагон, 71 процент од младите американци немаат право да служат во американската војска затоа што се или премногу глупави, премногу дебели или имаат криминално досие.
  • За прв пат, Американците поверојатно ќе умрат од предозирање со опиоиди отколку во сообраќајна несреќа.
  • Една студија откри дека една третина од сите американски тинејџери не прочитале ниту една книга во изминатата година.
  • Според неодамнешното истражување, 45% од американските тинејџери се на Интернет „скоро постојано“.
  • Денес просечниот бруцош на колеџ во Соединетите држави чита на ниво од 7-мо одделение .

Не е само диетата која одигра голема улога во заглупувањето на Америка и другите западни земји, но, исто така, зголемувањето на бројот на телефони и други уреди, кои им ја одземаат способноста да се фокусираат.

Комбинирајте лоша хемиска ГМО храна и технологија и добивате апокалипса на „Идиократија“ на глупави луѓе.

Нездравата храна уништува многу западни земји во последните четири децении, сугерирајќи дека се развива кризна ситуација кога општеството станува се поглупаво од ден на ден.

Но, една работа останува сигурна: Како што Западот станува глупав, истокот се крева во интелегенцијата. 

И пред да сетиме, Истокот ќе произведува само-возечки сегвеј столици за глупави дебели неподвижни Американци.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар