Укинувајте ТВ, Замајувајте Народ со Курто-Мурто, Ние Остануваме на Првата Борбена Линија – Климе Новески РОДИНА!
Сподели на социјалните платформи:

 

Пред да се распушти собранието, на брзина и нетранспарентно донесе закон, заради кој од 2-ри март на полноќ, кабелските оператори ќе прекинат со емитување на домашните и странските канали освен МТВ1, МТВ2 и собраниски канал. Исто како пред 20 години.

Собранието во кое седеа антимакедонците од СДС, албанските национал-шовинистички, сепаратистички и секогаш обесправени пратеници и колаборационистите од ДПНЕ кои секогаш во критични моменти беа тука за да обезбедат кворум. Исто така се забрануваат и јавни собири и протести, вклучително и предизборни митинзи, заради „заштита од ширење“ на Корона вирусот.

Сиот овој медиумски мрак и „полициски час“ наменет против јавни собири, се случува во предизборието и воедно пред налетот на мигрантскиот бран кој доаѓа навака. Сето ова случајно.

Ах, да. Ќе заборавев. Гледам пред извесно време на МТВ пропагандна видео порака дека никој во Македонија не смеел да остане “бездомен”, демек без документи. И ете ти бран од мигранти на врата. Случајно де.

За крај само ќе додадам: Се извинувам на сите кои мирисаат на тазе бања, оние кои мораат да си пливаат како рипчиња низ сите води за да не си го нарушат сопствениот комодитет, се додека пливајќи така не завршат во канализација. И тие и нивниот пород заради нив самите. Им се извинувам и на оние кои мислат дека не треба да се мешаат во политика а политиката им влегла в‘постела и кај и да е ќе ги истера од истата. Продолжете да се занимавате со „Худини“ -ТВ дуели на Курто и Мурто, одете си по одмори, на концерти, правете си муабети за сенешто што е КУЛ и ИН.

А ние, кои не сме достојни за миризливите гелови за туширање ќе продолжиме да се бориме на првата борбена линија, онака како што знаеме и умееме. Не за инает. Туку заради огништата наследени кои сакаат да ни ги земат, заради нашата совест и заради нашето поколение.

Смрт на диктатурата – слобода на Македонија!!!

Климе Новески – Член на Претседателството на Родина Македонија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар