САД го креираа и и го уфрлија на Кина, Ковид 19 верзијата на вирусот кој е дизајниран да има најголем ефект на Кинеската нација и на генетски сродните на нив Азијати. Интересно е и како се се знаело однапред во мрежата на глобалофашистите. Имено, на 18-ти октомври, Центарот за здравствена безбедност на Џон Хопкинс Универзитетот, во соработка со Светскиот економски форум и фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс”, собра 15 врвни лидери на бизнисот, владини представници, војската и од јавното здравство, за “да симулира сценарио во кое пандемијата на коронавирус ја разори планетата”, внимавајте, не некој друг вирус но токму коронавирусот и тоа две недели пред првиот заболен да се појави! Следниот ден, 19ти октомври… 300 американски воени лица пристигнаа во Вухан на воените светски игри! Првите симптоми на новиот Коронавирус се појавија точно во Вухан и тоа по две недели, на 2ри Ноември 2019.
САД и нејзиниот воен индустриски комплекс имаат долга историја во биолошкото и хемиското војување, и употребата на овие агенси против цивилно население. Во желбата да се создадат агенси кои убиваат специфични видови на раси, овие субјекти станаа немилосрдни спроведувачи на предизвикување на смрт кај недолжните цивили.
Вештачките вируси наменети за војување, без оглед дали се за економско уништување, предизвикување глад или масовна смрт, се дело на вистинското зло меѓу нас. Претседател на САД, на пример, би можел да даде наредба да избрише милиони цивили поради неговата неможност да го контролира проблем што го предизвикал и притоа и да ги обвини жртвите.
Новиот Коронавирус, Ковид-19, е еден во редот на многумина што не беа само веројатно, но најверојатно се произведени од човекот во лабораториите, и е вирус кој влијае на речиси исклучиво Кинезите во овој момент. Ова ги отвори поплавите во обидите да се најде изворот за неговото точно потекло. Овој вирус има уникатни карактеристики што се случиле порано со САРС и МЕРС, и има генетски материјал кој никогаш не бил идентификуван и не е врзан за ниту еден животно или човечки познати вируси.
Ова треба да биде вознемирувачко за сите, затоа што ако ова е рачно изработено, тогаш сигурно се произведуваше како оружје за војна. Па, кој е одговорен за неговото ослободување во Кина? Можно е овој вирус е создаден во Кина и бил „случајно“ пуштен во популацијата, но тоа не звучи веродостојно на ниту едно ниво. Дали мислите дека кинеската влада ќе создаде кинески расно-специфичен вирус и ќе го ослободи во нивната земја?
Интересно е што во минатото американските универзитети и невладини организации одеа конкретно во Кина за нелегално биолошко експериментирање, и ова предизвика толку огромен револт кај кинеските власти, што присилното протерување на овие луѓе од Кина беше резултатот. Универзитетот Харвард, еден од најголемите играчи во овој скандал, украл примероци на ДНК на стотици илјади кинески државјани, ја напуштил Кина со тие примероци и продолжил незаконски био-истражувања во САД! Се смета дека американската армија го нарачала истражувањето во Кина во тоа време. Ова е повеќе од сомнително.
САД, според овој напис на Глобалното истражување, имаа масовна програма за биолошко војување уште во раните 1940-ти, а користеа токсични агенси против Кина земја и другите уште од 1860-тите. Ова не е никаква тајна, без оглед на пропагандата што ја шири владата и нејзините партнери во криминално истражување и производство на био-оружје.
Од 1999 година, американската влада го употреби својот арсенал за хемиско и биолошко оружје (CBW) против Филипините, Порто Рико, Виетнам, Кина, Северна Кореја, Лаос, Камбоџа, Куба, Хаити, дури и против соседпт Канада според овој напис на Counter Punch. Се разбира, и самите американски граѓани многу пати биле користени како заморчиња, и од американските влади биле изложени на токсични микробни агенси и смртоносни хемикалии. Имајте на ум дека ова е краток список, бидејќи САД се добро познати по тоа што користат и прокси за ширење на своите токсични хемикалии и агенси на микроб, како што се случи во Ирак и Сирија. Од 1999 година, има континуирани инциденти со неколку различни вируси, од кои повеќето се претпоставува дека се вештачки произведени, вклучително и сегашниот Коронавирус кој денес ја погодува Кина.
Постојат и многу докази за истражување и развој на агенти за био-војување специфични за некоја раса. Ова е многу вознемирувачко. Сите индикации укажуваат на фактот дека повеќето токсични, отровни и смртоносни вируси досега познати се создаваат во лаборатории низ целиот свет. Во САД тоа се за Форт Детрик, Мериленд, Пајне Блеф Арсенал, Арканзас, Островот Хорн, Мисисипи, Дагвеј Провинг Ганд, Јута, Фабриката на Виго во Индијана и многу други. Помислете на фашистичките партнерства помеѓу американската влада и фармацевтската индустрија. Помислете на американските воени инсталации позиционирани низ целиот свет. Ништо добро не може да произлезе од ова, бидејќи не станува збор за изнаоѓање на лекови за заболување или откривање вакцини, туку е направено само од една причина, а тоа е да се развиваат вируси за био-борба и за масовно убиство.
Настојувањето да најдете биолошки оружја што ќе убиваат милиони истовремено не е само зло, туку е и над злото. Оваа моќ ја држат неколкумина, но потенцијалните жртви на ова лудило ги вклучуваат сите на земјата. Како може да се дозволи такво лудило на ова ниво да продолжи? Ако некое прашање може некогаш да ги обедини масите, тоа е отпорот против владите кои учествуваат во биолошко и микробно војување, убиство со вируси на специфична раса и создавање вируси со потенцијал да носат болести и смрт низ целиот свет, и тука сите треба да застанат заедно, од цел свет.
Првиот чекор е да се открие дека владите, најверојатно најголемииот виновник е Владата на САД, ги размножуваат овие вируси намерно за да предизвикаат голема човечка загуба. Откако тоа ќе се покаже на јавноста, ќе се знае каков неверојатен ризик за сите предизвикале, и тогаш луѓето насекаде треба да ги стават настрана своите поделби, да застанат заедно и да го запрат овој напад врз човештвото.
„Во огромните лаборатории во Министерството за мир и во експерименталните станици, екипи на експерти деноноќно работат во потрага по нови и уште посмртоносни гасови; или за растворливи отрови способни да бидат произведени во такви количини што ќе ја уништат вегетацијата на цели континенти; или за вируси и бактерии на болести имунизирани против сите можни антитела “. Џорџ Орвел – 1984 година
Коложег.инфо и преходно пишуваше на оваа тема.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!
Во контекст на горното треба да се рече и следното:
По објавувањето на овој текст на страниците на globalresearch.ca кој инаку е само собран материјал објавен на повеќе различни локации, globalresearch.ca односно неговите налози на твитер и други “слободни“ социјални мрежи беше затворен.
Ако се работи за невистина односно ширење на лажни вести, сите знаат дека најдобриот начин за борба со лажни вести е објавување на вистината, но овие не го прават тоа туку го стеснуваат просторот и пристапот на овој сајт до поширок круг на лица.
Самиот ваков чекор оди во прилог дека има многу нејасни работи за потеклото на вирусот и настојување истите да не се истражуваат, од страв можеби да не не доведат до вистинскиот креатор на истиот и неговите намери.
И повторно во контекст на горниот текст треба да се спомне изјавата на Путин (од пред неколку години- ми се чини на една од оние годишните мега конференции ) кога на прашање од новинар тој малку пошироко се осврна на тоа дека има десетици научни и приватни институции и др. кои мешетараат низ РФ и кои собираат генетски материјал. Бидејќи не се знае зошто се собира тој генетски материјал можно е истиот да биде користен и за истражувања во сферата на био-војна како и за развој на психотрони оружја. Тогаш неговото вакво гледиште ми изгледаше во сферата на научна фантастика денес сепак мислам дека тоа беше искажано со намера да се укаже дека тнр западни и демократски држави упорно работат да го стават човекот под контрола па ако треба и на ваков начин.
Она што би било капак на горното е една вест која проструи низ каналите на deep web пред 20-тина дена каде беше експлицитно спомната Италија како ново жариште на заразата и зошто токму Италија. На прва изгледаше конструкција за да само по 20-тина дена стане многу реална… кој има нерви и време нека истражува, има многу интересни моменти на тој deep web (но внимавајте, скоро 99% се спекулации) кои се случиле и кои се предвидени да се случуваат.