Претседателот Дутерте ги Избрка САД од Филипините! Ако Дутерте Бара, Треба да си Одиме – Пат Бјуканан!
Сподели на социјалните платформи:

 

“Со повлекувањето и од Филипините, Трамп ќе покаже дека е сериозен кога рече дека има намера да ги преиспита и разгледа сите одбранбени сојузи влезени во сила пред 60 и 70 години (како НАТО), а за решавање на закани што повеќе не постојат и во свет што повеќе не постои” – Пат Бјуканан, бившиот советник на Реган и Никсон.

Дутерте официјално го раскина дводеценискиот договор за одбрана со САД, одлука која Вашингтон ја нарече  “несреќна”. Прекинот на договорот (ВФА) со Соединетите држави го потврди министерот за надворешни работи Теодоро Локсин кој објави дека дека известувањето за престанок е доставено до амбасадата на САД и ќе стапи на сила по 180 дена. Дутерте, кој честопати ги критикуваше американските безбедносни политики, додека ги фалеше оние на Кина и Русија и покрај долгиот сојуз на Филипините со САД. 

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја нарече одлука „несреќна“ и рече дека тоа е потег во погрешна насока во време кога Вашингтон и нејзините сојузници се обидуваа да ја притиснат Кина да се придржува кон „меѓународните правила“ во Азија.

Дутерте, кој се судри со САД на неколку теми, реши да го прекине сојузот за да им овозможи на Филипините да бидат независни во своите односи со другите земји, изјави неговиот портпарол Салвадор Панело.

Претседателот нема ни да разгледува никаква иницијатива што доаѓа од владата на САД да го спаси договорот ВФА, ниту ќе прифати никаква официјална покана за посета на Соединетите држави“, рече Панело.

Одлуката, поттикната од одземањето на американската виза што ја имал поранешниот началник на полицијата, кој ја водел војната на Дутерте против дрогата, може да ги комплицира американските воени интереси во азиско-пацифичкиот регион со зголемувањето на амбициите на Кина.

Авторот Пат Бучанан преку Buchanan.org чиј осврт го пренесуваме подолу во целост, пишува дека ако Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, ни соопшти дека ќе го раскине Договорот за американските воени лица на островите, тогаш “ние и треба да си заминеме”.

Неговото известување започнува со часовникот кој работи на шестмесечен рок. Доколку не се преговара за нов договор, ВФА е распуштена.

Што ја предизвикало одлуката?

Дутерте беше навреден што на еден од неговите сојузници кои ја водеше својата анти-дрога кампања на островите, што вклучува вонсудски убиства на дилери на дрога, му беше откажана виза за САД.

Но не е само тоа, сепак, Дутерте никогаш не бил ентузијаст на американското присуство. Во 2016 година, тој им рече на кинеските домаќини во Пекинг: „Сакам, можеби во наредните две години, мојата земја ослободена од присуство на странски воени трупи. Ги сакам надвор од мојата земја“.

Пентагон е потресен. Ако не постои ВФА, како да продолжиме да ги придвижуваме силите во и надвор за да ја гарантираме нашата способност да го испочитуваме Договорот за заемна одбрана од 1951 година? Секретарот за одбрана Марк Еспер ја нарече акцијата на Дутерте „чекор во погрешна насока“.

Претседателот Доналд Трамп отворено се согласи: „Ако би сакале да го сторат тоа, тоа е добро. Ќе заштедиме многу пари“.

Филипинските Острови се меѓу најголемите приматели на странска помош во Источна Азија и ние обезбедивме 1,3 милијарди американски долари воена помош во последните две децении. Но, парите не треба да бидат најголемо внимание овде.

На Трамп му е дадена историска можност да ја преобличи политиката на САД и Азија по линиите на кампањата што ја водеше во 2016 година.

Тој треба да му каже на Дутерте дека ја прифаќаме неговата одлука и дека и ние, исто така, ја известуваме нашата одлука да дозволиме да пропадне договорот од 1951 година. И по истекот на тој договор, САД ќе бидат ослободени од каква било законска обврска да дојдат во одбрана на Филипините.

Време е Манила да преземе одговорност за својата одбрана. Навистина, кој е аргументот за постоење на договорот што практично ја гарантира американската вмешаност во каква било идна војна на  острови одалечени 8,000 милји од Соединетите држави?

Кога преговаравме за договорот од 1951 година, тоа беше поинаков свет.

Тогаш влеговме во Студената Војна со СССР на Сталин. Бевме во жешка војна во Кореја што ќе чини 37.000 американски животи. Генералот Даглас МекАртур штотуку беше разрешен од командата на американските сили во Кореја од страна на претседателот Хари Труман. Невооружената Јапонија не се опорави целосно од Втората светска војна.

Комунистичката армија на претседателот Мао ја надвладеа Кина и ги истераа нашите националистички сојузници од копното. Виетнам беше пет години во герилска војна да ги истера Французите од Индокина.

Денес пак, Студената Војна е завршена. Русија на Владимир Путин не претставува никаква закана за Филипините. Ниту Кина е, иако Кси Џинпинг окупираше и зајакна островчиња во Јужното Кинеско Море кои Манила ги смета за ексклузивна економска зона на Филипините.

Не постои витален интерес од ризик за САД на овие острови за да се оправда вечна воена гаранција или посветеност на договорот за борба против Пекинг над  еднас рака карпи и гребени во Јужното Кинеско Море.

Трамп треба да ја искористи оваа можност да му каже на Дутерте дека кога ќе се распадне ВФА, кој гарантира имунитет на американските сили на Филипините, се распушта Договорот за заемна одбрана од 1951 година.

Така ќе биде испратена порака до Азија, и во светот, дека Трамп е сериозен, кога рече дека има намера да ги преиспита и разгледа сите одбранбени сојузи и воени гаранции, влезени во сила пред 60 и 70 години, а за решавање на закани што повеќе не постојат и во свет што повеќе не постои.

САД имаат долга историја со Филипините, почнувајќи од војната во 1898 година со Шпанија, кога азиската ескадрила на адмирал Џорџ Дејви ја потопи шпанската флота во пристаништето во Манила, а ние ги нападнавме, окупиравме и колонизиравме островите, со што ги имитиравме империјалните сили на Европа и го напуштивме антиколонијалното наследство на САД.

„Преземете го товарот на Белиот човек“, нè предупреди Радјард Киплинг.

Откако филипските патриоти се бореа скоро четири години да ги ослободат своите острови од Американците, како што тоа го имаа од Шпанците, нанесувајќи им на американски војници и маринци илјадници жртви, Њујорк Хералд му одговори на Поетот на Империја:

„Го зедовме товарот на белиот човек / од абонија и кафеава / Сега, ќе ни кажете ли, Рудјард / Како можеме пак да го спуштиме“.

По Перл Харбор во декември 1941 година, Јапонците ги нападнаа окупациите и ги окупираа островите, сè додека генералот Мекартр во 1944 година не ги зазеде пак островите.

Една година по предавањето на Јапонија, на 4 јули 1946 година, на Филипините им дадовме целосна независност. И таа нација и народ, далеку понаселена и просперитетна отколку во 1946 година, треба да преземе целосна одговорност за одбраната на сопствениот суверенитет и независност.

На крајот на Студената војна, националистите во Манила им наредија на САД да ја испразнат големата поморска база што ја градевме во Заливот. Требаше да го искористиме тоа прогонство за да пропадне безбедносниот договор од 1951 година.

Но кога не го сторивме тоа тогаш, во 90-тите, Трамп не треба да ја пропушти оваа можност да го стори тоа сега, заклучува во својот напис на Buchanan.org Патрик Бјуканан, висок советник на тројца Американски претседатели, вклучително и Реган.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

1 thought on “Претседателот Дутерте ги Избрка САД од Филипините! Ако Дутерте Бара, Треба да си Одиме – Пат Бјуканан!

  1. Каквов имбецил треба да си да го воздигнуваш еден друг имбецил кој во моментов е пре’ц’едник на САДистите?
    Како прво тој нема никаква врска со одлуката на претседателот Дутерте да ги исфрли од неговата земја која ја претворија во јавна куќа и најголем пазар на наркотици. Ништо помалку од онаа што Британците и го направија на Кина а познато под “Опимските војни“ кога Кина беше исправена пред еден страшен геноцид кој го вршеа овие монструми.
    Да, САДистите ги извршија едни од најголемите злосторства врз тие народи во Азија, Виетнам, Кореа Филипини и не знам дали остана некоја земја кој не ја уништија.

    Внимавјате Штрумф водел политика на суверенизам па затоа ќе ги напуштал Филипините, не било тоа заради одлуката на народот на Филипините да ги истерат окупаторите од нивната земја.
    Штрумф ќе го напуштал Ирак а не било тоа заради тоа што народот на Ирак донесе одлука да ги истера од Ирак….

    Туку што правиме ние, ние кои за себе говориме дека ја сакаме слободата дозволивме една група квислинзи-петтоколонаши насадена во СДСс+ДПсНЕ да ни ги инсталираат овде Американците, а ние немо само следиме што се случува, ќе изнедри ли Македонија син како Дутерте да ги истера окупаторите или само ќе им завидуваме на другите слободољубиви народи!?

Остави коментар