Не само Украина, САД ја губат Цела Источна Европа и Средна Азија – Американски Воен Аналитичар!
Сподели на социјалните платформи:

 

Дани Сјурсен, пензиониран американски офицер и предавач на Американската Вест Поинт воена академија пишува, го сакале ние Американците тоа или не, Америка не е подготвена да ја добие оваа битка за Евроазија и  изнемоштените напори на империјата во распад да го стори тоа во овие извонредно оддалечени региони мириса на очајни непресметани и невозможни глобални глобални хегемонистички амбиции и безумност кои ја карактеризираат секоја империја во распаѓање.

Доналд  Трамп, обвинет за злоупотреба во Конгресот и штотуку ослободен од Сенатот за наводните криминали погрешно сумирани како „Украина-гејт“, упатуваат на реалните прашања во Источна Европа и Централна Азија, кои демонстрираат дека, за подобро или (веројатно) полошо, САД ги губат овие региони. Прокси-битката за Украина меѓу Русија и САД и нејзината марионестка власт донесена со државен удар (како и Хунтата во Македонија) – која вклучува и неонацистички политички и воени елементи (како и кај нас терористите на УЧК) рефлектираат враќање на битката за евроазиски ресурси и географска доминација.

Импичмент фарсата, хронично (особено меѓу мејнстрим Демократите) наведува дека Америка е загрозена од Русија и под закана од Русија а извештаите за наводната вина и агресија на Москва буквално го презаситуваат медиумскиот простор.

Вистината е дека генерација на истакнати „либерални“ американски “родени руски хакери” како Хилари Клинтон, Џо Бајден, целиот апарат на демократската партија и толпата корпоративни медиуми – го злоупотребија Стејт департмент, НВО-ата и извришја економски притисок за да го иницираат про-западниот државен удар во Украина за време и по 2014 година (повтоно исто како и во Македонија после 2016 н.з.). Нивниот опортунизам тогаш им се чинеше, едноставен и релативно со ниска цена, но се претвори во неизмерно голем проблем во наредните години.

Во тој процес, демократите не се справиле со корупцијата на свите политички фаворити, дополнително урнувајќи го она што остана од нивниот углед – во некои случаи – со терање на Украинците да ги поткопаат клучните политики на Трамп; и затворањето очи за необично екстремни нацистички сили кои имаат крвави раце со убивањето на демонстрантите во „масакрот на Мајдан“, како средство за поттикнување на понатамошна поддршка од Западот за пучот. Уште повеќе, семејниот криминал на Џо Бајден, синот Хантер, и целиот демократски естаблишмент, може да се види во одличниот неодамнешен едиторијал на Гардијан, за сериозниот „проблем со корупцијата“ – каде синот на тогашниот потпретседател, кој немал никакво искуство во дипломатскиот или енергетскиот сектор, бил плаќан 50.000 американски долари месечно за да служи на бордот на украинската  компанија за гас.

Не берете гајле, демократите кои навидум имаат намера да пробаат нова Студена војна веќе имаат објаснување. Тие го ископаа одамна дискредитираниот, но сè уште јавно присутен аргумент, оправдувајќи го дека САД мора да бидат подготвени да се борат против Русија „таму“, за да не дојде време да мораат да се борат против Русите „овде“ во Америка (иако одамна е нејасно каде точно е тоа „тука“или како, точно, се остварува таа фантазија). Прво, тука е факторот на растојание: неколку илјадници милји далеку од Источниот брег на Северна Америка, Украина е во близина на Русија. На крајот на краиштата, Украина беше секогаш – низ многу различни генерациски политички / империјални структури – дел од Советскиот Сојуз или други руски империи. Голем дел од населението, особено на Исток, зборува и се смета себеси, културно, руски.

Покрај тоа, руската закана, денес во 2020 година, е преувеличена. Путин не е Сталин. Руската Федерација не е Советскиот Сојуз; а, дури и советската (не-нуклеарна) воена закана и геополитичките амбиции беа преувеличувани во текот на Студената војна.

Ниту, пак, одбраната на наметната, прозападна, украинска прокси држава е значајна за американскиот национален безбедносен интерес вреден крварење или ризици за нуклеарна војна. Како што тврди Бери Позен на МИТ „виталните интереси влијаат врз безбедноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и позицијата на моќта на Соединетите држави“, и „Ако, во најлош случај, цела Украина да и припадне’ на Русија, тоа би имало мало влијание врз безбедноста на Соединетите држави “. Исто така, како пензиониран полковник на американската армија, и претседател на Квинси Институт, Андреј Бачевич, советуваше, најдобра политика за САД е да “тивко ги признае постоење на руската сфера на влијание”. На крајот на краиштата, Вашингтон би очекувал, всушност, исто прифаќање на Москва за улогата на САД во Мексико, Канада или, за цел Американски континент.

За жал, не постои таква воздржана претпазливост, сè додека двопартиската американска национална воено-хушкачка држава продолжува со желбата за вечно војување. Така, тивко, освен повремено прозивани од регионални експерти и истражувачки новинари на местото на настанот, САД претходно, а особено по „можноста“ дадена со нападите од 11.09, влегоа во целост во натпревар со Русија и Кина за физички, економски, и доминација на ресурси од Централна Азија до граничните територии на Источна Европа.

Тоа е  причината зошто, во армиската команда и Генералштабниот колеџ во 2016-17, сите нас офицерите не фокусираа речиси исклучиво на планирање фиктивни, но многу реални, борбени мисии во регионот на Кавказот. Исто така, делумно објаснува зошто американската војска, по 18+ години, останува заробена во потенцијално 3 трилиони долари богат со ресурси Авганистан, што, не случајно, е единствено сериозно физичко присуство на Америка во копно зафатена Централна Азија.

Анегдотски, но поучно, добро се сеќавам на моите четири кратки престојувања на некогашната транзитна станица на американските воздухопловни сили за Авганистан – „Манас“ – во Бишкек, Киргистан. “Слободата“ на движење дури и за постојаните воени авиони – беше ретка, делумно, затоа што руската војска имаше база на токму на другиот дел на градот. Уште повеќе, претходното, претходното транзитно место за Авганистан – Узбекистан –  ја исфрли  американската војска во 2005 година, делумно, заради рускиот политички и економски притисок да го стори тоа.

Централна Азија и Источна Европа се исто така оспорени простори во однос на контролата на конкурентските – западни, руски и кинески – рути за нафтовод и природен гас и трговски коридори. Запомнете, дека масовната кинеска програма за инфраструктура „Еден појас – еден патзначи да се поврзе кинеското производство со огромниот потрошувачки европски пазар главно преку транспорт, гасовод, дипломатски и воени врски низ кои региони? Го претпоставивте тоа: Централна Азија, Кавказ и преку Источна Европа.

Го сакале ние Американците тоа или не, Америка не е подготвена да ја добие оваа битка и нејзините изнемоштени напори да го стори тоа во овие извонредно оддалечени региони мириса на глобални хегемонистички амбиции и безумност, однесување кое е премногу ризично и за кое скоро и да нема награда.

Русија има цврста армија во непосредна близина, огромен нуклеарен арсенал, како и физички и историски врски со Евроазиското срце. Кина има исто така добра, поизбалансирана, воена сила, доволно нуклеарки и може да се пофали со многу помоќна, економска способност за поминување на патот. Што се однесува до САД, иако сè уште воено и (засега) економски моќно, и недостасува близина, се соочува со тешки логистички / експедитивни предизвици, и изгуби многу легитимитет и добра волја со она што го сторија во земјите во регионот. Шансите се, дека иако војната може да не биде неизбежна, слабата рака на Вашингтон и веројатниот неуспех, сигурно се заинтересирани.

  • Прво, таа Украина – како прокси држава за војна со Русија не е препорачлива или од витален интерес за САД;
  • Второ, таа поголема потрага на чичко Сем да се натпреварува со големите две (евро) азиски сили веројатно ќе пропадне со пропратни симптоми на империјална конфузија и очај.

Додека САД влегуваат во се повеќе биполарна фаза на светските работи, Вашингтон е, го сакале тоа да го признаеме или не, империја во пад; и, како што знаеме од историјата, таквите империи се однесуваат лошо во својот пад од тронот на хегемонијата. Наречете ме циник, но јас верувам дека Соединетите држави, како можеби најмоќното царство на сите времиња, се подготвени да се однесуваат и да постапуваат полошо од сите досегашни империи во пад.

Прокси-борбата во Украина, битката за Централна Азија воопшто – да не кажам ништо за поврзаните американски агресии и провокации во Иран и Персискиот Залив – би можела да биде катализатор на Третата светска војна што евангелскиот милитаристички јастреб, потпретседател Пенс и државниот секретар Мајк Помпео, долго ја чекаа и посакуваа. Овие ликови навидум ја поседуваат еретичката горливост да веруваат дека американците – можат и треба да го поттикнат или стимулираат Армагедонот.

Ако им се даде можност тогаш нуклеарната катаклизма ќе го забрза временски процесот на човечкото изумирање. Само спротивно на крвавото пророштво наведено во книгата Откровенија за Новиот Завет, нема да биде Исус кој ќе го носи својот одмаздувачки меч на бел коњ, туку – трагично и апсурдно – во совршен анти-Христијански гест, притискањето на црвеното ѓаволско копче, ќе го предизвика ова апокалиптичкото дело.

Дани Сјурсен е пензиониран офицер на американската армија и редовен соработник на Antiwar.com. Неговите написи се појавуваат во LA Times, The Nation, Huff Post, The Hill, Salon, меѓу другите публикации. Тој служеше во Ирак и Авганистан, а подоцна предаваше историја на Вест Поинт. 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар