Трамп Ослободен, Неговиот Годишен Говор “Искинат”, Америка Распарчена на Половина – Мајкл Снајдер!
Сподели на социјалните платформи:

 

Ние сме на многу опасна патека, и јавното „кинење“ на годишниот говор до нацијата на Претседателот Трамп од страна на спикерот Ненси Пелоси е предвесник на страшните работите што доаѓаат во САД, пишува авторот Мајкл Снајдер преку TheMostImportantNews.com.

Реткост е да се биде сведок на вистински историски момент што се случи на телевизија во живо, но токму тоа е она што десетици милиони Американци имаа можност да го видат во вторникот доцна вечерта. На крајот на годишното обраќањето до нацијата на Трамп, спикерот на долниот домот (Конгресот), Ненси Пелоси, ја искина својата копија од говорот на Трамп пред очите на целата земја.

Никогаш досега не сме виделе вакво нешто во целата историја на САД, но секако толку многу претходно невидени работи се случија за време на претседателството на Трамп. Пелоси ја шокираше целата нација со тоа што го раскина говорот на два дела, но што е уште поважно, верувам дека нејзината акција беше совршена метафора за она што ќе се случи со Америка.

Ние сме подлабоко поделени повеќе од кога и да било, и во текот на оваа изборна сезона верувам дека ќе видиме многу застрашувачки ерупции на гнев и фрустрација низ цела САД .

Но, како што елоквентно и злокобно истакна Политико , ослободителната пресуда на Трамп го означи крајот на еден поглавје на претседателскиот скандал. Но, се чини дека најверојатно ќе САД ќе продоли да крвари во друга фаза, бидејќи Демократите во Конгресот ветија дека ќе ги продолжат со своите истраги на претседателот, во вечен импичмент!

Сагата за импичмент служеше пред се за забрзано паѓање на веќе нефункционалниот конгрес во состојба на трајно политичко војување.

Патриотите на Твитер почнаа со славењето а прв, претседателот Трамп го почна газењето на целиот либерален естаблишмент …

Мислам дека Пелоси подоцна длабоко ќе жали што го стори тоа, продолжува Мајлк Снајдер, иако се разбира, демократите (глобалистите) беа апсолутно воодушевени од она што го направи  и тие не можат да ја доизнапофалат. За жал, ова е уште еден пример за тоа колку сме длабоко поделени како нација.

Кога Пелоси го раскина говорот на Трамп на половина, верувам дека тоа беше симболично за тоа што ќе се случи со целата наша земја.

За време на изборната сезона во 2020 година, Америка буквално ќе биде распарчена на половина. Сега, многу демократи апсолутно го мразат претседателот Трамп, неговото семејство и неговите приврзаници, а таа омраза само ќе се интензивира како што се приближуваме до ноември.

Од друга страна, многу републиканци апсолутно ги мразат Нанси Пелоси, Чак Шумер, Џо Бајден, Берни Сандерс и сите нивни приврзаници, а таа омраза ќе се засили и како ќе се приближиме до следниот ноември.

Без разлика кој ќе победи на изборите, наредните месеци нема да бидат убави. Всушност, верувам дека скоро ќе бидеме сведоци на нај хаотичната изборна сезона во американската историја, заклучува авторот Мајкл Снајдер во својот напис на TheMostImportantNews.com.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар