Сега е прашањето како да се ослободи од конструкциите, лепел, сечел и сам заборавил каква лага составил. Ултимативната поддршка и купените гласови за власт од албанскиот електорат, требаше да се одработат преку еден од многуте ултиматуми, ослободување на монструмите од случајот “Смилковско езеро”!
Соочен со родителите на судењето, се разголи кукавицата на која ништо друго не и преостана, туку да се брани со деменција, дека заборавил се што ветил и кажал кога конструирал сценарија и требаше да дојде на власт. Тогаш беше смел во конструкциите и лагите, а денес се претвори во бедна кукавица која си поигрувала со трагедијата на родителите и смртта на матурантите кои одвај беа полнолетни и не ги дочекаа матурските прослави. Убиени на свет ден пред Велигден на Велики четврток!
Пред судот, ослободените монструми од притвор си правеа драми, си правеа селфи, накезени од уши до уши што дишат слободно, ама, си ја заробија душата во мигот кога пролеаја крв и убија невини млади души… Монструмите убијци и монструмот кој за власт лепел, сечел и составувал лаги, можеби и ќе се спасат од казни затвор. Но, нема да се спасат од нивната совест никогаш, таа ќе им го одзема животот полека секој ден…
Немој да ми речете дека тие немаат совест, имаат, само ја потиснуваат бидејки мислат дека само куршум и одземената слобода убиваат! Не, кога потиснатата совест ќе излезе еден ден на бела виделина, во тој миг секој почнува да умира, таа тогаш никому и за ништо не му дава да се радува, тишти, како тешка болест е и додека грешниот не излезе да ја признае сам вината, таа нема да му даде мир или грешниот ќе мора сам на себе да си крене рака за да ги прекине болките во душата, бидејки таквата мачнина од совеста никој вечно не ја издржал!
А, МОНСТРУМОТ од Муртино вакви конструкции има подоста.. Лепеше, сечеше и монтираше снимки и за Тамара и за сопственикот на неделникот “Фокус” – Никола Младенов и за младиот Мартин Нешковски! Некрофилот од Муртино за да биде уште по сугестивен во лагите набеди, инволвира и впери прст и во политичари и во кој ли уште не! Газеше и преку живи и преку мртви луѓе во јуриш за освојување на власта. Не ја доби победата, затоа вешто ја украде и од тогаш до сега уште краде, лаже, ги откопува и закопува по сто пати умрените, им ги раскопува раните и трагедиите на најмилите, затвара и притвара, па пак ги ослободува и затвара од осветиљубие и ужива во страдањето и на затворените и во болката на нивните роднини!
Во болката и страдањето на невино осудените за тероризам без елементи за тероризам на долги казни од дури два века! Да не ги набројувам рекет-криминалите, аферите со тендери, сега од пинов датум и афери во проширен состав, фати накај Малта и Либија, а за малку му пропадна можноста да склучи зделка за бизнис со чоколади со лажниот ” Порошенко” бидејки беше ставен на мајтап лента за подигравка од руските комичари!
И на крај ова злобно створење, монструмот од Муртино има намера вешто да се спаси преку закон за ЈО, направен по мерка да се спасат од криминалите и да се легализираат со закон криминално стекнатите снимки! И да биде трагедијата уште поголема во предлог законот стои предлог ЈО да биде финансиран преку самостојна сметка, што би рекле случај Катица 2…Да ги плаќа народот 4 милиони годишно за да ги штитат криминалците и нивните криминални дела! Многу, многуу гревови направи монструмот од Муртино за да може да ги избегне и судот и божјите правдини. Многу тежина за да може да издржи и да истрпи една мала и кревка душа! Многу предавства кон еден свет библиски народ и нашите истириски славни дејци и револуционери, ставени на потсмев и понижување! Многу солзи пролеани и од мртвите и од живите и од секоја солза по една клетва фрлена кон предавникот на родот свој. Многу фрлени клетви се тоа за да може некој во спокој,мир и среќно да живее!
Виолета Петковска член на И.О Родина Македонија
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!
Kako za murtinskio gragjanin i ex premier da pisuvate!…. se` e tocno
Bravo Borbena Violeta Sve Tocno kazano vistinito 100%+ tvoevo e kristalno cisto Zalosno sto Monstroumite se Seuste se na Sloboda cekaat Clenstvo krvavo valkano od valkanite od 2014 plus 2017/18/19/2020 OBVINITELSTVOTO MOLCI 4 GODINI NE REAGIRA POD STRANSKA DIKTATURA*Zalosno Narodot Nema Braniteli za Narodot Drzavata Nasa Najstara Republika Makedonija*Narode i ti si kriv sto Molcis Isto kako Obvinitelstvoto Gleda cisto I Molci Na Republika Makedonija Za 130 Necesni Pratenici Ministri ne Poslusni ke Nemamte Drzava ni Narod Makedonski za Clenstvo Corumpirano Ke ste Nikoj Bez Nacija Nistozni Bez Idenditet Bez Majcin Jazik Makedonski so se Cela drzava unistena za Clenstvo profitersko postaveno na jadica za politicka profiterska mito Stapca Za valkano tugo clenstvo Antimakedonsko Evropsko So Se Makedonsko izbrisano Ponisteno Bez Voljata NA Narodot drzavata nasa RM…