Неделава ми помина во внимание на неколку настани што повторно ме трогна за да размислувам на темата за која досега сум пишувал многу пати, Македонската интелектуална елита. Жал ми е што морам да го констатирам фактот дека Македонија нема интелектуална (мислечка) елита, туку печурки бре! Печурки кои служат за газот на газдите кои ги направиле, демек елита со диплома, а мозок ни малку.
Елитата преставува одбрано друштво кои со своите способности, знаења, умеења и вештини се издвојува од останатите луѓе во општеството, како издевоена елита со своите знаења, вештини и способности има единствена цел да помогне во развој и подобрување на човештвото и да работи за негов добробит. Поради таа цел елитата честопати се жртвувале себе си и својот живот. Да речеме се откажувала од создавање на свое семејство, но за таа сметка таа е компензирана со тоа што останувала во историјата запаметена како таква од следните генерации.
Јас цели 28 години го поминав во образование, најмногу од моите 32 години ми помина во образование. Два факултета завршив и во целиот мој живот сум бил во допир со луѓе со титулите М-р, Д-р. Од впечатоците што сум ги имал со нив можам да го кажам следново, нашиве учени се однесуват како некои да се недопирливи за обичните луѓе, за нас смртнициве, како да се некој олимписки богови, како да се нешто над нас! А везе немат ни од реален живот. Гледате сите се замолчеја сега кога на Македонија и требаат. Цел Правен факултет Јустијана Прима заедно со деканатот никој не се одважи да ја брани државата, уставот, правото кое нивна основна струка, пострашно нешто од споствената струка и професија да ти биде газена нема.
Е сега да се осврнам на коментарот на почитуваниот професор Горазд Росоклија кој во коментар на Фејсбук запраша дали членовите на Родина се познати, што имат зад себе? дали имат образование? што постигнале во животот? и сл. Се прашувам зарем мора ли да се познати, зарем мора ли да имаат титулари М-р, Д-р и незнам што, доволно е што се Македонции и работата за доброто на Македонија.
Почитуван Господине Горазд Росоклија веќе триесет години како во Македонија владеат печурките, односно оние со педигре како Владо Поповски, Владо Камбовски, Доста Димовска, Васил Тупурковски, Денко Малевски, Ѓорѓи Марјановиќ, Јане Миљовски, Софија Тодорова, Томислав Чокревски, Љубомир Данилов Фрчковски, Владо Бучковски, Рената Десковска, Каролина Ристевска -Астеруд, Гордана Силјановска -Давкова, Трајан Гоцевски, Ферид Мукиќ, Марија Ташева, Нано Ружин.
Се со М-р и Д-р и што е Македонија после нив? Жив потоп во кои стигнавме до фазата на само исчезнување да останеме без држава, скитници и чергари да постанеме. Јас можам да ја разберам политичката елита, таа е конформистичка секогаш загрижена за својата позиција која со сите средства се обидува да ја задржи власта која веќе ја освоила. Но не можам да ја сватам интелектуалнава елита која е совест и свест на народот. На мене единствено објаснување што господава такозвани интелектуалци се однесуваат е тоа што во животот тие добиле све на поклон на тацна преку разни политички штабови ( ЦК на СКМ, СДС, ДПМНЕ) стигнале на позиција или моќ, си ги тераат своите сопствени лични интереси, не ги брига за општиот интерес на народот и државата и еве ние стигнавме до денешново дно до кое се наоѓаме.
Интелектуалците не оставија без образовна политика, без здраствена политика, без социјална политика, без алтернатива во надворешната политика, не оставија без избор само со една алтернатива, а велат дека имат знаење, а во надворешната политика ни рекоа дека ние само еден е изборот НАТО и ЕУ. За тој избор немаше ниту критицизам од нивна страна, ниту пак се спроведе дебата на тема зошто ЕУ ние едниствен пат без алтернатива? што губиме, а што добиваме и.т.н.
Ниедна дебатна емисија во последните дваесет години не се направи на ваква тема. Ниту пак интелектуалците успеа да ја доловат унијата пред очите на нивниот народ. Ниту пак сега нема дебатна емисија од страна на интелектуалците за алтернативен пат Евроазија или неутралност. Деновиве кога се дебатираше за законот за јавно обвинителство можевме да ја видиме Фатиме Фетаи која повика при избор на јавен обвинител да биде вклучена и европската канцеларија во Македонија, да не речема Брисел. Видете кога некој ќе повика некој друг да му избере, да одлучи место него, тоа значи дека слободно си повикал некој да те окупира, да ја има власта над тебе, да владе и да прави пипирефка со тебе, токму на тоа се повика Фатиме Фетаи. Која повика на отворена окупација на институците од страна на ЕУ. Е сега да прашам чиј кадар е Фатиме Фетаи? Од кои факултет произлегла женава? Се разбира дека се знае на Јустинијан Прима!
Судите, јавните обвинители, адвокатите, специјалката Ката сите се производ на правниот факултет Јустинијан Прима. Епа зошто се такви какви што се? Единствено објаснување е затоа што кадрите на правниот факултет се такви какви што се слаби, ете ги тие со М-р и Д-р колку вредат. Ако на тоа се додаде дека ниеден наш со М-р и Д-р надвор од државава не е вреднуван, ниту една негова книга не е печатена или преведена на странски јазки, на странски универзитет каде што студентите во странство ќе учат по неа! јасно е колку е нивната вредност.
Времето што доаѓа е времето на шумарите, време на обичниот народ. Ги видовме овие во костуми со М-р и Д-р! Македонија после нив е потоп. Затоа време е Македонскиот народ да си ја земе судбината во свои раце, да ја врати Македонија на вистинскиот пат, да ја создаде Македонија на цврсти темели со свои атрибути и да создаде нова вистинска интелектуална елита која нема да биде како ова што досега ја гледавме.
Ни престои вистинска и макотрпна работа.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!