РОДИНА МАКЕДОНИЈА објави завршување на 5-месечната јавна консултација со Македонскиот Народ за својата суверенистичка политичка програмска платформа и повика на нејзино заедничко спроведување во дело и градење на независна суверена Македонија на здрави темели за следните 1000 години заедно со сите слободолјубиви народи на светот кои во моментов го прават токму тоа, се борат против истиот глобалофашистички јарем. Притоа ги повика сите професионалци од разни секторни области да се вклучат и да се вградат во изработката и спорведувањето на сите детални специфични сектори од програмата Вистинскиот Македонски Пат.
Браќа и сестри Македонци. Пред 5 месеци ја објавивме единствената програма во Македонија која дава одговори на жестоките предизвици на поразениот неолиберализам кој под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија.
Програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е наша заедничка и припаѓа и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации.
Ја изложивме пред нашиот Македонскиот Народ програмата на Вистинскиот Македонски Пат за нејзино заедничко доработување, и, најважно, за заедничко спроведување во услови кога во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја.
Сега Македонија има изворна суверенистичка програма, наспроти сите глобалистички ЕУ/НАТО партиски програми кои предлагаат козметика која не е лек за темелните проблеми со кои се соочуваат денес сите народи во борбата против лажниот глобализам кој брише нации и граници со цел власт и профит за корумпираните глобални елити и нивните домашни слуги и за вечно ропство на народите и поединците.
Во јавната консултација се приклучија многу Македонци, професионалци, експерти со во доработката на стратегијата и нејзината заедничка реализација за ослободување на нашата татковина Македонија и поставување на здрави темели за следните 1.000 години!
Придружете ни се сега заедно со Македонскиот Народ да ја доградуваме и спроведеме програмата „Вистински Македонски Пат“ и на Конкретните Програмски Целини согласно народниот интерес за Ре-Државизација на Македонија и 4-от Илинден со РОДИНА МАКЕДОНИЈА!
Програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е наша заедничка и припаѓа на сите и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации ги дава патоказите за Ре-Државизација и Возобновување на Македонската Државност и е базирана на длабоки анализи на општествените, економски, политички, социјални геостратешки и глобални и Македонски прoцеси како основа врз која ние ја втемеливме програмата Вистинскиот Македонски Пат како и во рамките на традиционалната Македонска Доктрина.
Програма: Вистински Македонски Пат
Единствената Македонска програма за возобновување на државноста која е базирана не на поразениот неолиберализам туку на стремежот и потребите на слободољубивите народи во надоаѓачката и победничка национална, политичка, социјална, геостратешка, економска, глобална идеологија и реалност.
Одговор на глобалните, политички, економски, идеолошки предизвици.
Единствена програма во новите надоаѓачки рамки на суверенизмот по цел свет.
Македонија сега има политичка платформа и сила за спроведување на победничката суверенистичка идеологија во мултиполарниот свет.
Врз основа на основните темелни принципи и програмските цели (1. Визија) ги разработивме конкретните програмски целини (2. Стратегија) за ослободување на Македонскиот Народ од националното, економско, социјално ропство – Вистинскиот Македонски Пат.
Врз основа на 1. Визијата и 2. Стратегијата изработуваме 3. Детален Оперативен план за спроведување на програмата.
Биди дел од иницијативата „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/