Британија Повторно Независна! Да ни се Множат Братските Горди Суверенистички Нации Надвор од ЕУ!
Сподели на социјалните платформи:

 

Осамна Нова Ера: Велика Британија ја напушти Европската унија! Славеа гордите Англичани кои на свои плеќи ја изнесоа борбата за враќање на сувереноста после 47 години ропство на ЕУ, додека про-ЕУ демонстранти од галените “малцинства” жалеа и бараа продолжување на поплавата на Британија со мигранти која ЕУ ја спроведува. Најџел Фараж, креаторот на Брексит, прогласи историска победа и им мафна со британските знаменца на ЕУ бирократите и порача, ја сакаме Европа, но ја мразиме анти-демократската ЕУ структура која сака да ги забрани нашите знамиња, култура и нација. И ова е само почеток на распадот на ЕУ, а набргу ќе следат Италија, Холандија, Полска итн итн.

Од вчера, 31ви Јануари 202о година во 23 часот по локално време Велика Британија ќе биде во преоден рок со блокот до 31 декември 2020 година, за кое време преговарачите од Лондон и Брисел ќе работат на идната трговска зделка.

Напуштањето на ЕУ го обележа Фараж со горлив говор на неговиот последен настап во ЕУ парламентот на два дена пред Брексит конечно да се случи.

„Ја сакаме Европа, само ја мразиме Европската унија“, рече Фараж, нарекувајќи ја ЕУ антидемократска институција што им даде на технократите „моќ без одговорност“.

Лидерот на партијата Брексит зборуваше за „историска“ битка што се одвива на запад.

„Тоа е глобализмот против популизмот и може да го мразите популизмот, но ќе ви кажам нешто, тој станува се попопуларен“, рече Фараж.

„Знам дека сакате да ги забраните нашите национални знамиња, но ние токму со нив ќе ви мавнеме за збогум“, рече Фараж пред да му го исклучат микрофонот.

И, тоа накратко е причината зошто Велика Британија ја напушта ЕУ.

Набргу откако европарламентарците од партијата Брексит започнаа да мавтаат со знамињата, потпретседателката на ЕУ парламентот МекГвинс го исклучи микрофонот на Фараж и нареди да се отстранат Британските знамиња од сите простории на Европската Унија. Недемократскиот инцидент се случи за време на официјалното гласање за заминувањето на Велика Британија од глобалистичкото тело.

Премиерот Борис Џонсон се обрати до британската јавност со претходно снимените објави на социјалните мрежи за да ја објави „зората на новата ера“ во британската историја.

Премиерот Џонсон рече: „Вечерва ја напуштаме Европската унија. За многу луѓе, ова е зачудувачки момент на надеж, момент за кој тие сметаа дека никогаш нема да дојде. Постојат многу, се разбира, кои чувствуваат чувство на вознемиреност и загуба.

Победничките Брексизери се собраа во Лондон за да го одбележат денот кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.

Многумина изразуваа радост дека победи „старомодната“ идеја да се биде „повторно слободна, суверена нација “.

Соработникот уредник на Quillette, Тоби Јанг, рече дека Брексит „значи дека Велика Британија го враќа својот суверенитет по 47 години“.

Имаше и џебови на протести на натажени еврофили во главниот град во текот на целиот ден, вклучително и грст луѓе од “малцинствата” кои сакаа со ЕУ политиките да ја преплавата Британија со мигранти, кои запалија сино-жолти факели на мостот Вестминстер и развеаа транспарент на кој пишуваше: „Остануваме тука да се бориме, Да за мигрантите во Британија, Ториевците Надвор од Британија“

Но Англискиот слободолјубив дух кој го изнесе Брексит на своите плеќи се возобнови како на времето од „Ерусалим“, хорската песна напишана од Хуберт Пери во 1916 година, која се смета за неофицијална химна на Англија и е заснована на 1804-тата песна од Вилијам Блејк.

Донеси ми го лакот од стопено злато!
Донесете ми ги стрелите на желбата!
Донеси ми копје! O облаци, расплетувајте се!
Донеси ми ја огнената кочија!
Јас нема да престанам со менталната борба
Ни мечот нема да спие во мојата рака
Се додека не го изградиме Ерусалим
Во зелената и пријатна земја на Англија.

Некако се плашам дека Велика Британија можеби не е последната земја членка што ја напушта Европската унија. Ако ЕУ не ја промени својата политичка кауза, може да следат повеќе земји-членки“, изјави германскиот европратеник Мартин Ширдавен кој рече дека Европската унија им дава приоритет на „корпоративните интереси“ во однос на сопствените граѓани, додавајќи дека блокот им овозможил на „големите компании да доминираат во нашите животи и во нашата политика“.

Оваа доминација го уништува нашето опкружување, економијата, нашите јавни услуги, нашите улици, локалните библиотеки, нашите железници, нашите пошти, нашите училишта, целата наша социјална структура“, предупреди Ширдавен.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар