Ако Првата пржинска власт не турна во самиот амбис, можеме ли да очекуваме дека Втората пржинска власт ќе организира чесни демократски избори кои ќе не ИЗВЛЕЧАТ ОД ТОЈ АМБИС!?
Минативе седмици многу се изнаслушавме околу тоа што е Пржинска влада, односно правата и обврските на министрите, заменските министри, подминистри и кој ли уште не, кој има право на потпис, кој нема право на потпис итн итн. За да хаотичноста биде уште поголема, замешателство настана и од врвните политиканти, дали пржинската влада е уставна категорија или не, дали треба да биде или не, како да е тоа толку важно во една држава во која не владее правото туку делува самоволието на тие кои се посилни и актуелни!
Како и да е, еве како лаик можам да кажам дека во правната наука владее хиерархиска поставеност, највисоко е меѓународното право (нешто што Путин, сега актуелно, ќе го подсимне подолу во пирамидалната постава), под него уставот и последователно законите.
Или воопшто да не пишувам затоа што нели, авторот на ‘папокот на светот‘ јасно и гласно кажа дека доволно е од писанија и пишувачи, маргиналци, потенцирајќи дека само тој и таквите како него, од нивниот ков, го имаат правото на реч и писание, претпоставувам и на владение, па еве, од ‘папокот на светот‘ станавме ‘шупак на светот‘!
Или пак да го ‘послушам‘ и еден децениски уредник на Нова Македонија, кој јасно и гласно кажа дека македонскиот народ е малоумен и не заслужува ништо повеќе, дури и помалку од ова што го имаме…замислете, само неколку вида сирење, ние македонците, знаеме да направиме, наспроти француските сто типови сирења (сто стапа на туѓ грб на болат, вели народниот гениј)…која бламажа драги мои македонци…
И така го причував текстов, но сепак решив да го објавам…
Сега да продолжам малку хронолошки со кратка анализа, колку што може да биде кратка. Не дека не сте запознаени, но само за да сублимираме што и зошто е таа тн пржинска влада, која дефинитивно ја СПРЖИ Македонија!
Политичкиот Договор од Пржино, или Договорот од јуни/јули 2016г, е уште еден договор со потпис на лидерите на четирите најголеми македонски политички партии со цел да се реши политичката криза, со помош на странскиот фактор. И е ‘последица‘ на вештачки створената внатрешна политичка криза преку излегување на опозицијата од Собранието, непримерното делувањето на тн шарена револуција и злоупотреба на тн бомби од нелегално прислушкуваните разговори.
Улогата на меѓународната заедница беше пресудна и под нејзина целосна диригентска палка, да не речам притисок. ЕУ беше целосно вклучена во тн разрешување на кризата преку Јоханес Хан со неколку посети на РМакедонија во тој период, повремено беа вклучени европратениците Едуард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, воглавно како логистички претходници. Во име на САД, покрај амбасадорот клучниот куклар, беше вклучена и помошничката на државниот секретар, Викторија Нуланд.
Во практиката, ‘главниот товар‘ на спроведувањето на Договорот од страна на меѓународната заедница го носи медијаторот Питер Ванхауте. Медијаторството вклучуваше и директна вмешаност во формулацијата на законите што произлегоа од договорот. Отпрвин воздржан кон јавноста, Ванхауте во периодот од септември ги интензивираше контактите, особено со медиумите (дури стана и медиумска икона на рушителите на целосниот државен систем). Практично, тој беше најрелевантниот извор за текот на преговорите и спроведувањето на Договорот.
Договорот се состои од:
Основен текст на Договорот од 2 јуни 2015 година
Анекс на договорот од 19 јуни 2015 година
Протокол на Договорот од 2 јуни, од 15 јули 2015 година
Пржинскиот дог е потпишан од лидерите на четирите најголеми партии во Р Македонија од
Н. Груевски ВМРО-ДПМНЕ, З.Заев СДСМ, А Ахмети ДУИ, М Тачи ДПА.
Сега да проследиме што и какви отрови ни сервира, на нашата трпеза, мачкарот Питер.
Цели и принципи на Договорот
1-Дејствување во интерес на сите граѓани и сите заедници- (ДРЖАВА НА СИТЕ)
2-Посветеност на евроатлантските процеси и демократските принципи- (НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ ОД ЕУ И НАТО, БЕЗСКРУПУЛИ)
3-Почитување на демократскиот принцип на политичка одговорност-
(ДЕМОКРАТИЈА ПО БАЛКАНСКИ РЕЦЕПТ)
4- Вклученост на сите главни политички партии, преку процес на консултација и координација- (СИТЕ СЕ СОПСТВЕНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА И ЗАЕДНО ЌЕ ЈА ДОУНИШТАТ)
5-Почитување на договорот во целосна и добра волја (ИЛИ ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ДОГОВОРОТ ИЛИ…)
6-Избегнување какви и да е нови препреки- ( СЕДЕТЕ СИ МИРНИ И ПОКОРНИ)
Главната цел на Договорот е „земјата да се изведе напред на евроатлантскиот пат а
партиите се согласуваат да работат на разрешувањето на клучните предизвици со кои се соочува земјата:
7-Да се консолидира економскиот и демократскиот развој- (Од економија ќе нема ни Е а од демократија ќе нема ни Д)
8-Да сe зајакнат меѓуетничките односи- (Сметката ја плаќа македонскиот народ кој го губи идентитетот и станува самоизбришан, на сметка на уважување на сите останати ентитети)
9-Да се обезбеди целосно спроведување на Охридскиот договор- (Тиранска Платформа, од каде произлезе Законот за двојазичност, бинационална држава се до федерализција и кој би знаел уште што понатаму!?)
10-Да се зајакнат добрососедските односи- ( Бугарски дог. Преспански дог.)
11-Да се зајакне меѓународното реноме на земјата- (БРИШЕЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ОД УСТАВОТ И ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА северна-ерга омнес, НАМЕСТО ИСКОНСКАТА ИДЕНТИТЕТСКА МАКЕДОНИЈА-Република Македонија )
Нека не ве мрзи да ги прочитате погорните редови! Ако мислите дека се наивни и беззначајни се лажете, тука е основата на нашата понатамошна голгота. Нема да ги анализирам и образложувам посебно (накратко во заграда поставив кратки објаснувања), затоа што веќе сите тие ги преживеавме на наш грб, на штета на нашиот идентитет, име, историја, црква, ДОСТОИНСТВО. Конкретно во нив децидно не пишува дека ќе го изгубиме името и идентитетот, но е повеќе од јасно , ако знаеме да ‘читаме‘ дека со овој договор е зацртана судбината на македонецот и Македонија. А како најзначаен детал ќе ја потенцирам точка бр.6- Избегнување какви и да е нови препреки!!! Дали ја сфативме оваа порака односно напатствие ИЛИ ПОЈАСНО КАЖАНО ЗАКАНА!? …(Нема бунење, нема несогласување, НЕМА ПРОТЕСТИ, ќе си слушате и ќе бидете покорни! Или ќе игра стапот!). Понатаму од точка 7- 11, е повеќе од јасно произлегуваат Преспанскиот, Бугарскиот, Тиранскиот односно сите монструми кои не доглодаа до гола коска…
Понатаму задачи на пржинскиот дог беа и разрешување на скандалот со прислушувањето
а) Tретман на прислушуваните материјали
(Меѓутоа, СДСМ ги предаде материјалите на специјалната јавна обвинителка дури 15 дена откако таа го побара тоа, со објаснување дека претходно немало услови тие да бидат соодветно третирани.)
б)Специјалнo јавнo обвинителство
За ова и не вреди да се пишува после аферата Рекет но и после ‘историското‘ вокабуларно фаворизирање на фалконската смокваџика !
Нус-производи на Договорот
Пржинскиот дог е поставен како итна мерка за разрешница на вештачки створената политичката криза, спроведувањето на истиот ги стопира и онака кревките демократски процеси и не врати на познатиот веќе виден пат (потпишување под притисок на Охридскиот дог), одлуките да се донесуваат во затворен политички круг на тн партиски елити под посредништво на меѓународната заедница. Законите беа донесени по кратка односно итна постапка, без јавна дебата, со скоро целосна исклученост на јавноста, што допонително законите произлезени од договорот ги става во недемократска категорија
И еве сме на прагот веќе ја ‘консумираме‘ втората пржинска влада за неполни 4 год . Брзи сме нема што, кога се работи за уништување на Исконската Македонија , брзи сме!
За поребите на понатамошната употреба на Пржинскиот договор , тој е преточен во ЗАКОН ЗА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, со вметнување на глава бр XIII. ИЗБОРИ ЗА ВЛАДА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИ ЗА ПРАТЕНИЦИ. Со што станува регуларен дел од законикот на РМ.
Со Член 43 се ‘запечатува ‘ судбината на демократското понатамошно делување во парламентарниот избирачки систем во републиката, вели-
Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.
СО ОДЛУКА на Уставниот суд на Република Македонија, У. бр. 131/2000 (“Службен весник на РМ” бр. 26/01):
- СЕ УКИНУВААТ членовите 37 и 38 од Законот за Владата на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр. 59/2000).
- Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Скоро сите сме запознаени со текстот на законот и со условите кои се воспоставени, два министри за внатрешни работи и социјала од опозицијата и заменици министри на останатите министерства.
ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ КАКО ЗАКЛУЧОК
ОВА Е ВЕШТАЧКО ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА од децениските играчи на уништувањето на ИСКОНСКА МАКЕДОНИЈА.
Оваква влада НЕ ПОТЕКНУВА ОД НАРОДНА СОБРАНИСКА ИНИЦИЈАТИВА, ОДНОСНО НЕ Е ПРЕТОЧЕНА ОД ПОТРЕБАТА НА НАРОДНАТА ВОЉА, ТУКУ Е ПАРТИСКА НОМЕНКЛАТУРА ЗА КОНТИНУИРАНА ЗЛОУПОТРЕБА НА НАРОДНОТО МНЕНИЕ ЗА НЕКАКВА( ЛАЖНА) КОЛКУ ТОЛКУ ИЗВАГАНА ВЛАСТ ПО ЖЕЛБА НА НАРОДОТ.
(Актуелно, во демократските држави за време на изборите владата има само и единствено сервисна улога во државниот систем!!! За жал, сведоци сме на понатамошната непринципиелана работа внатре во владата, како што е веќе предложениот ‘‘Оперативен план и активни мерки за вработување во 2020г‘‘ што во целост е партиско делување, но и непринципиелно и недолично однесување внатре во владата).
Повеќе, би рекла, пржинската влада ја стави државата во дополнителен ќор сокак, имено лавиринт од кој нема излез.
Сите сме свесни и повеќе од тоа дека сме БЕЗИМЕНИ, ИЗБРИШАНИ БЕЗ ИДЕНТИТЕТ ЈАЗИК, ПРОДАДЕНА ИСТОРИЈА КУЛТУРА .
Оваков еден начин на избор на ново собрание од кое ќе произлезе нова власт, ЕДНАШ ВЕЌЕ СЕ ПОТВРДИ ДЕКА Е НЕДЕЛОТВОРНО, ОДНОСНО ШТЕТНО , СУБВЕРЗИВНО, ТОА ГО ПОСВЕДОЧИВМЕ!!!
Манипулацијата со народната воља е на самиот врв, климакс, на злоупотреба и не враќа во дефинираниот потврен пат на меѓупартиски превирања уцени (но и уште пожестоко активиран од албанскиот политички фактор, со нескромни преобемни субверзивни апетити), систем кој на оваков начин на делување, јас тебе ти мене, партиско подавање и наддавање, пазарење, уцени, фалсификати, кои на оваков начин може да оди до тотален распад на кревката демократија и на државата воопшто!
Ако Првата пржинска власт не турна во самиот амбис, можеме ли да очекуваме дека Втората пржинска власт ќе организира чесни демократски избори кои ќе не ИЗВЛЕЧАТ ОД ТОЈ АМБИС!?
Автор на колумната –анализа
Елизабета Чингарова Матевска
Точна архитектонска структурна дијагноза !
;;Демократските,, експерименти продолжуваат во Република Македонија ! ,,Демократијата,, се продава како на кванташки со намалени цени. ,,Демократијата ,, губи на вредност како галопирачката инфлација 100 %,1000, 1000000 и.т.н. Најновата ,, Демократија ,, се продава со рекетарски методи и други ,,каракурници,, во раштимуваниот евроатлански оркестар од секагов вид на евулутивни креатури , со повратна еволутивна патека , со која се сложувам-од човеци како со брзина на светлината се станува мајмуни и магариња (важно е да не се заостане во борбата за повратната еволуција-има на жалост и кај нас и во светот јака конкуренција , па изгледа потребно е да се воведе ред со ,,МОЈ ТЕРМИН,, зар, не !). ,,Демократските ,, избори се во правец ,на забрзување на ,,демократското,, уништување на се Македонско ! (текстот на Елизабета Чингарова Матевска-објаснува се од почеток до крај и да се размислиме и свесните и несвесните за во кој правец ,да се движиме , грешите не се простуваат , влогот ,не е изгубена утакмица во ракомет !?) . Избори може да одржи само Македонскиот народ и суверените во Македонската држава , со отстранување на Запржените и ослободување на Република Македонија – татковина на сите Македонци на планетата Македонија ! Изборниот ,,демократски ,, инжинеринг , смислен од Запржените ,кои еволуираат кон нечовечки видови , Македонците имаат задача и должност да го демаскираат и создадат цивилизациски вредности во човечки облик !
Ристо Андоновски