Авторот Иман Гош преку VisualCapitalist.com, со помош на визуелна графика ја илустрира клучната промена која се случува последниве децении и која ретко кого може да изненади, а тоа е дека Кина веќе ги надминала САД како најголем доминантен трговски партнер на нациите во светот. А за тоа колку е важна трговијата, таа во 2018 година учествуваше со 59% од глобалниот БДП , што е скоро 1,5 пати повеќе отколку во 1980 година.
Во текот на оваа временска рамка, меѓународната трговија значително се трансформира – не само во однос на обемот и составот, туку и во однос на земјите на кои се потпира остатокот од светот за нивните најважни трговски односи.
Глобалната промена е прекрасно илустрирана со анимацијата подолу која доаѓа од Институтот Лоу и ја користи базата на податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за билатералните трговски текови, за да утврди дали САД или Кина се поголем трговски партнер за секоја земја од 1980 до 2018 година. (кликни плеј долу на графиката)
Резултатите острo и безмилосно ја оцртуваат промената: До пред 2000 година, САД беа на чело на глобалната трговија, и над 80% од земјите тргуваа со САД повеќе отколку што тргуваа со Кина. До 2018 година тој број нагло на нации кои главно тргуваат со САД опадна на само 30% откако во овој период Кина брзо ја зазеде врвната позиција во 128 од 190 земји.
Истражувачите го посочуваат влегувањето на Кина во 2001 година во Светската трговска организација како главен пресврт во меѓународните трговски односи во Кина. Драматичната промена што следеше е јасно прикажана во визуелизацијата погоре – помеѓу 2005 и 2010 година, голем број на земји се насочи кон кинеското влијание, особено во Европа, Африка и Азија.
Со текот на времето, доминацијата на Кина се зголеми драматично а се чини дека таа доминацијата само ќе продолжи да расте. Нацијата финансира голем број мегапроекти низ Европа, Азија и Африка – но една поширока иницијатива стои високонад останатите.
Иницијативата на Кина „Еден појас, еден пат“, планирана за завршување на 2049 година, напредува со вчудоневидувачко темпо. Само во 2019 година кинеските компании потпишаа договори во вредност до 128 милијарди американски долари за да започнат кинески големи инфраструктурни проекти во различни земји.
Додека градењето нови автопати и пристаништа во странство е корисно за кинеските финансиери, Пат и Појас исто така значи создавање нови пазари и трговски патишта за кинески производи. Неодамнешното истражување откри дека инфраструктурната експанзија на програмата Пат и Појас подобрувања во логистиката, доведоа до позитивни ефекти врз извозот на Кина.
Како и да е, јасно е дека новата инфраструктурна мрежа веќе ја трансформира глобалната трговија, веројатно зацементирајќи ја позицијата на Кина како најголем трговски партнер во светот за наредните децении.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!