За Што се Бориме Ние – Славjански Алтернативен Пат за Развој на Целото Човештво – Движење Русов!
Сподели на социјалните платформи:

 

Меѓународно општествено – политичко движење, Руско-Славjанско обединување и преродба – Русов, го сумира својот филозофски и идеолошки пристап кон политичките, социjалните и религиозните прашања, кои како и да не се превод од Руски, а запис на сопствените размислувања и воедно и сонот на сите македонски просветители и воини, Пулески, Мисирков, Мажоски, Динев, Рацин, итн.

Во продоление го пренесуваме целиот текст на Русов:

За што ние се бориме , или < Славjанскиот социjализам- алтернативен пат за развиток на Славjаните и целото човештво>.

Другари- истомисленици , во врска со честите прашања на нашите подржувачи, сметаме дека е неопходно подробно да jа обjасниме позициjата на нашето Меѓународно општествено – политичко движење ,”Руско – Славjанско обединување и преродба” во однос на политичкото, социjалното и религиозното прашање.

Како што веќе ни покажа историското искуство, десно ориентираната политика, во отсуство на лево и социjално-ориентирана економиjа прераснува во диктатура на крупниот капитал т.е. Олигархат, а левата економиjа, без десно национално-ориентирана политика се преобразува во служба на интернационалните интереси а на штета националните интереси. И двете, класично- политички концепции, во своjата природа таjат недостатоци и се покажаа штетни во однос националните интереси каj нашите славjански народи. Поради овие причини, нашето движење е категорички против ваквиот развоен пат .

Ние не сакаме враќање во минатото, во царско или во времето на комунизмот, иако мора да признаеме, секоjа од овие епохи имаше свои позитивни страни, но и негативни моменти. Тие, кои влечат кон минатото – го лишуваат славjанството од светла иднина. Ние, се движиме напред и гледаме во иднината, носеjќи го сублиматот од наjпозитивната своjата богата историjа.

Нашиот избор и предлог се состои во обединување на десната национални политика, и ,левата социjална економиjа, во заедничка доктрина – Славjански Социjализам – (видете хаштаг # Славянски Социjализам), бидејќи на краjот на краиштата, не случаjна е фразата: “Вистината се наоѓа меѓу двете краjности”. Наша цел е – создавање, по законски пат , врз темелот на Панславизмот, во прво време конфедеративно, а потоа според можностите и волjата на народите, федеративен Соjуз на Славjански Држави, заедно со големата Русиjа како реални сила, способна и моќна да го реализира овоj сеславjански проект, врз начелото на доброволност и принципот на рамноправност, преку етапна организациjа на заедничкото политичко, економско, воено, царинско, монетарно, правно, хуманитарно, и, културно пространство.

Во однос на важното религиозно прашање, напоменуваме: нашето движење претставува општествено – политичко, а не религиозна организациjа, но притоа големо внимание посветуваме на културните специфики, а во тоj контекст – традиционалните верувања и религии каj Славjаните. Во овие рамки, ставаме акцент на предхристиjанската култура, коjа се jавува како темел на нашата славjанска цивилизациjа. Основната цел на нашето движење преставува обединување на славjанството, и затоа ги повикуваме нашите подржувачи на меѓусебна трпеливост и верска толеранциjа во однос религиозните различности, помнеjќи дека православието или католицизмот, и предхристиjанската (ведската) култура претставуваат суптилни делови од заедничката историjа.

Сите кои ги разделуваат нашите идеи, ги покануваме да се приклучат кон нашето движење за заедничко изградба на сегашноста и иднината под знамето на Славjанскиот Социjализам, знамето со славjанскиот сокол Рурик. Слава на Славjаните! – завршува прогласот на Русов пропратен со знамето на Рурик, се-славјански симбол со Македонско потекло.

Инаку Русов е организација голем пријател и многупати докажан подржувач на Македонскиот Народ во неговата борба за национална слобода во овие времиња на премрежа и тешки предавства на нашите корумпирани отуѓени елити. Затоа ќе победиме и во Македонија и насекаде заедно со сите братски слободолјубиви народи на светот кои се борат против истито глобалофашистички поробувач!

Како пример, еден од повеќето изрази на подршка подолу: Поздрав за Македонија од Рускиот Еквивалент на Опсерваторијата Кокино! Слава России и Македонии!

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар