Благословен Божик на сите Македонци и на сите добри луѓе низ целиот свет со гласот на ненадминатиот Македонски тенор Добри Ставревски “Се собрале овчарите, запалиле силен оган, да огреат машко дете, си исекле долги поли, си повиле машко дете, огреале Христа бога”.
Онаа страна оган гори
Онаа страна оган гори
сонце греит, небо синит,
роса росит, не го гаснит,
ветер веит, не го сеит.
Не ми било силен оган,
тук’ ми била Христовата,
тук’ ми била Христовата,
Христовата мила мајка.
Го стасала Христа бога,
го стасала на планина,
го стасала на планина,
на планина, на рудина.
Се собрале овчарите,
запалиле силен оган,
запалиле силе оган,
да огреат машко дете.
Си исекле долги поли,
си повиле машко дете,
си повиле машко дете,
огреале Христа бога.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!