
Ирак гласаше да ги протера американските војници, а пратениците извикуваат „смрт на Америка“ Ако претседателот Трамп сакаше да го намали присуството на војската на Америка на Блискиот исток, тој можеби само ја доби својата желба, иако не по негова одлука.
За време на вонредната парламентарна седница утрово, ирачката влада даде предлог за гласање да бидат отстранети странските трупи од земјата.
Привремениот ирачки премиер, Адил Абдул Махди, за време на сесијата истакна дека додека американската влада ја известувала ирачката војска за планираниот напад врз Сулејмани, но неговата влада не дала дозвола на Вашингтон да продолжи со операцијата.
„И покрај внатрешните и надворешните тешкотии со кои може да се соочиме, тоа решение останува најдобро за Ирак и во принцип и од практични причини“.
Во меѓувреме, како што гласаше ирачката влада, и иранскиот парламент во знак на подршка и братство со соседниот Ирак излезе на подиумот на Собранието за да извикува „смрт на Америка“.
По говорот на собранискиот спикер Али Лариџани, кој извика „господине Трамп, ова е гласот на иранската нација“, пратениците се здружија обединети на подиумот …
https://twitter.com/iribnewsFa/status/1213732931170160641
Ирачките пратеници го следаа популарното чувство кое се слушаше на улиците додека 1000ици тагуваа за смртта на Касем Сулејмани.
Прочитај повеќе овде за настаните претхдоните денови кои доведоа до денешниот расплет:
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!