Идентитети: Различни, но Еднакви, во Мултиполарниот Свет кој ни се Создава Пред Очи – Зоран Курљан ИО-РОДИНА!
Сподели на социјалните платформи:

 

Постоjат теми, кои што можат да се преодолеат доколку се споделат со други луѓе, ако тие луѓе се способни да отпочнат внатрешен процес, доволно силен што би имал влиjание врз совеста и интимното разбирање на човекот како таков, но, преди се како носител на вистински вредности во општеството.

Во 2019 година сеуште постоjат мерки и концепции за идентитетот, кои што наместо веднаш да се проектираат во надворешноста, се губат во стандардизираната магма, неспособна да проjде низ саморазбирање ( осознавање ), т.е. да се приближи до чувството сам по себе, за да може на следното ниво да се поврзе со сите кои се наоѓаат надвор од сопствените карактеристики, но со заеднички вредносни мерила.

Во дадениов историски моментум, нашата родина, Република Македониjа се соочува со негирање на неjзиниот државен идентитет и суверенитет, а со самото тоа и негирање на народниот македонски идентитет и суверенитет. Преку етноцид и културоцид, како анахронени поjави во современиов свет. Во него, измислените проблеми на измислените целни групи земени во “заштита” ги згуснуваат боите на нетрпеливоста во релациите: човек – човек . Во регресивното денешно битисување, како индивидуа, коjа што засолниште и евентуално спасение беше научена да гледа во либерализмот и “европската просветителска мисиjа”. Но , таа епоха со импресивна архитектура, и длабоко нехумана по содржина е во заоѓање, без глобална можност за повторно изгревање над главите од човештвото.

За да можеме да разговараме на тема: поставување Република Македониjа на здрави, вечни темели, прво, треба да се врати суверенитетот на државата во народни раце како неjзин неприкосновен и единствен суверен. Републиканскиот облик на уредување го наметнува овоj императив. Заради остварување на овоj идеал Македониjа плати висока цена во времето кога Балканите беа ослободени од полмилениумското османлиско ропство, и новооформените држави беа возглавени од европски кралски лози. Расчеречена беше Македониjа и поделена меѓу носителите на сината крв.

Родина како платформа за соработка на македонските суверенисти, прерасна во македонски политички дом, токму заради заедничкото осознавање за важноста на народниот, а со него и државниот суверенитет. Отсуството на еготрипни, износени политичари и транзициони анти- херои е доблеста на оваа родољубива платформа. А легитимирањето на политичката сцена во Република Македониjа е логично, еволутивно продолжување на политичката борба.

Во услови кога краjот на историjата, онаа ултра-либералната во секоj случаj, се случува и честички на неjзината ентропиjа фрчат насекаде ослободени од вчерашната сила, а европското “просветителство” се гуши во внатрешниот антагонизам околу прашањето: исправноста на траекториjата на утрешното заедничко соживеење, Родина го избра мултиполарниот свет, како единствена можност за: “Разбирање на светот како поле за културен натпревар меѓу народите, со рамноправно учество на Македонците”. Зарем тоа не бил неисполнетиот сонуван сон на Ѓорги Делчев, македонскиот воин -победоносец и на плеадата македонски борци и преродбеници?

Родина не поседува “ергела” исполнета со “расни егземплари на политичари”, jавни личности, скапи ПИ- АР-и, и видни интелектуалци. Родина е место под македонското сонце каде што родољубите, сестри и браќа го вложуваат своjот целосен потенциjал за ослободување на заедничката родина. Со тоа ние самите, како и останатите нации, современите чинители на меѓународните односи, придонесуваме во создавањето на сопствената национална судбина.

Како и друга, било чиjа судбина, така и нашата – заедничката ќе биде испишана со решениjата и чекорите кои ги преземаме за неjзино материjализирање и оживување.

Ваквиот, асиметричен, пристап во политичкото деjствување, разбирливо, привлекува внимание од актуелната политичка естрада . За антимакедонците од владата во заминување; ваквото делување на Родина е како шаховски од во нељутисечовече, омилената нивна игра. Три години, сите родољубиви организации, движења, партии … живеат во невидливата зона од спектарот .

За партиjата, коjа го започна искачувањето на политичкиот Еверест како патриотска и конзервативна, откопуваjќи ги четирите свети букви од националната мемориjа, ВМРО, а сега останата само во тенкото неглиже – ДПМНЕ, лигата на македонски родољубиви партии, инициjативи, движења,… во коjа има чест да се вброи и Родина им претставува конкурент на домашен терен.

И затоа е разбирлива употребата на: етикети, дисквалификации, обвинувања без покритие, … користење на други средства од арсеналот на Попер, како начини за голословна дискфалификациjа на политичкиот противник. Тоа е неинвентивноста и зачауреноста на партиите основани пред новата ера во политиката.

Зоран Курљан, член на ИО-РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар