Немаскираниот Империјализам на САД кон Европа го Тера Стариот Континент во ЕвроАзија – Стратешки Тинк-Тенк!
Сподели на социјалните платформи:

Бесрамното напуштање на САД на темелните сопствени Американски принципи за слободна трговија и слободен пазар со санкциите против Европа и Русија, освен што наиде на брутално одбивање и на Европа и на Русија, е всушност гол империјализам кој произведува контра-ефект и ја турка Европа да бара нови ЕвроАзиски стратешки сојузи. Исто така, користењето на брутална сила на ослабената и заблудена империја кон Европа и Русија е токму начин како досега се почнувале Светски Војни, пишува американскиот тинк-тенк Фондацијата за стратешка култура и продолжува: Вашингтон мора да мисли дека остатокот од светот е глупав толку колку што се глупави многу Американски политичари. Усвојувањето на законот – потпишано од претседателот Трамп оваа недела – за санкции за стопирање на проектите за снабдување со гас „Норд Стрим“ и „Турски Тек“ е најгол империјалистички потег на САД за задушување на Eвропската економија, пазар и енергија, со цел профитерство и остварување своја себична економска предност со својот многукратно поскап ЛНГ гас.

Американските санкции се планира да ги погодат европските компании вклучени во рускиот „Газпром“ во изградбата на гасоводот 1.225 километри под Балтичкото Море, кој ќе испорачува природен гас од Русија во Германија и на други места низ Европската унија. Проектот од 9,5 милијарди евра (11 милијарди американски долари) е 80% завршен и треба да заврши на почетокот на оваа година.

Она што е смешно е начинот на кој американските политичари, дипломати и медиуми за медиуми го прикажуваат овој напад на САД врз принципите на пазарот и суверенитетот на народите како чин на ривалство.

Вашингтон тврди дека санкциите се „проевропски“ затоа што тие ја „спасуваат Европа од зависноста од Русија за нејзината енергија“. Американското лицемерие оди понатаму со тврдење дека со запирање на Русија да заработува профитабилни извозни приходи, тогаш Москва ќе биде ограничена од „мешање“ во европските нации. Како сопствените активности на Вашингтон да не се мешање во Европските работи на масовно ниво.

Европските политичари и бизниси не го купуваат ова американско баботењ. Огромното пречекорување и диктирање на Вашингтон во европските работи ги натера владите на ЕУ да ја доведат во прашање природата на трансатлантските односи. И веќе одамна е време за тоа. Така, лудилото и силеџиството во Вашингтон ја поткопуваат самата цел на САД да доминира во Европа за свои себични интереси.

Русија, Германија и другите му пркосат и му кажаа на Вашингтон дека економските санкции нема да ги запре проектите „Норд Стрим“, ниту „Турски Тек“.

Како што претходниот месец рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас „неприфатливо е“ САД дрско да се мешаат во европската и руската енергетска трговија. Американскиот изговор дека наводно „штити“ од националната безбедност на наводните европски сојузници е искрено речено смешен.

Американската агенда е очигледно империјалистичко преуредување на пазарот на енергија за да има корист за американските економски интереси. За да се ја оправудва оваа бурлескна измама, Вашингтон, по потреба, истовремено газејќи грубо врз своите европски сојузници, мора да ја демонизира и Русија. Европа делумно и самата помогна на овој американски пристап за свои интереси затоа што на времето глупаво се занесе и вовлече во антагонизмот на САД кон Русија со санкции заради украинскиот конфликт, Крим и други анти-Русски измислици.

Законодавството што беше донесено преку Американскиот Конгрес и од републиканците и од демократите (колективно наречени Воено-хушкачка партија) несовесно ги поттикнува тензиите меѓу САД и Русија. Во обидот да се здобијат со економски предности во однос на енергијата на Европа, Вашингтон опасно го зголемува непријателството кон Москва.

Освен санкциите против руските и европските компании кои се партнери на „Норд тек“, американскиот Конгрес донесе посебна законска регулатива со која се залага за зајакнување на американското производство на нафта и гас во Источниот Медитеран.

Радио Слободна Европа оваа недела објави извештај насловен: „Конгрес носи повеќе закони со цел да се спречи енергетската моќ на Русија за Европа“.

Насловот попрецизно требаше да биде напишан вака: „Конгресот носи повеќе законодавство, чија цел е да се зајакне енергетската моќ на Америка во Европа“.

Во извештајот РСЕ се вели: „Бипартизанскиот Закон за безбедност и енергетско партнерство во Источна Медитеран, кој беше одобрен на 19 декември, е најновиот дел од законодавството на САД, донесено оваа година, чија цел е да ги диверзифицираме изворите на енергија во Европа подалеку од компаниите под контрола на Кремљ”

Повторно, од американската дволичност се спуштаат вилициците во чудо. Таква е ароганцијата на ослабената, заблудена империја кога јавно сака да се оправда со директен грабеж на пазарот на енергија со маска на доблест.

Американските нафтени и гасни гиганти се движат кон Источен Медитеран. Ексон Мобил го најави откривањето на најголемото поле на природен гас надвор од Кипар во февруари годинава. Американски фирми исто така се партнери со израелските компании да започнат со производство на гас во полето Левијатан, лоцирано крај брегот кај Хаифа.

Несомнено е дека американските санкции насочени кон „Норд Стрим“ и „Турски Тек“ се дел од поголемо усогласено движење на Вашингтон за да го монополизира за својот скап гас, енергетскиот пазар на ЕУ од 500 милиони потрошувачи (скоро двојно повеќе од американското население).

Колин Кевел, американски професор по политички науки, коментираше до Фондацијата за стратегиска култура: „Она што треба да се подвлече во оваа континуирана дебата за тоа која земја ќе може да доставува нафта и природен гас во Европа е фактот дека ниту САД, ниту, а особено Републиканската партија се залагаат за т.н. слободна трговија и слободен пазар“.

Капитализмот за слободна трговија треба да биде идеолошки столб на САД. Во оваа идеологија, владите не треба да се мешаат во понудата и побарувачката на пазарот. Но, парадоксно, што се однесува до санкциите наметнати од САД врз руско-европските енергетски компании, американскиот Конгрес е „интензивно анти-слободен пазар“, забележува Кевел.

Во своето бесрамно профитирање, Вашингтон делува агресивно кон Русија и Европа, истовремено туркајќи ги своите наводни економски интереси потпирајќи се на брутална сила во одсуство на аргументи. Империјалистичката агенда на Америка кон Европа и Русија е точно начин како се поттикнуваат и почнуваат светски војни, заклучува написот на Фондацијата за стратешка култура.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар