Кога и темелните институции на глобалниот неолиберален ропски поредок се резигнирани околу што им носи иднината значи победата на суверенизмот и слободолјубивите народи на светот вклучително и Македонскиот, против вечното национално и економско ропство е веќе на повидок и дофат! Глобализацијата донесе пониски цени, но и несигурни вработувања, пад на БДП на нациите, кршење на социјалното ткиво и нарушување на личните слободи, пишува големата инвестициска банка Bank of America, БофА. Токму и тоа е причината на поразот на лажниот глобализам на Сорос во корист на 0.0001% од корумпираните елити а против сите нас!
Голема инвестициска банка Bank of America, БофА неодамна направи серија аналитички предвидувања за глобалната економија во услови на зголемена нееднаквост меѓу богатите и сиромашните, забавување на растот на БДП и зголемениот ризик од нова глобална рецесија. Банка на Америка вели дека еден од доминантните трендови за 2020-тите ќе биде „крајот на глобализацијата“ бидејќи земјите сè повеќе сфаќаат дека феноменот донесе неодржливо кршење на „социјалното ткиво“.
Во извештајот, аналитичарите од „БофА“ рекоа дека во голема мерка хаотичната глобализација „завршува“. Оваа промена ќе ги направи производите како скапоцените метали и недвижностите побезбедни инвестиции затоа што владите ќе се придвижат кон наметнување протекционистички економски политики.
Во извештајот за мапирање што треба да се очекува во текот на следната деценија, аналитичарите на Бофа велат дека во голема мера дивата глобализација, која траеше приближно од 1981-2016 година, “доаѓа до својот крај”.
Оваа промена ќе се случи поради „ широко распространето признание дека иако глобализацијата значеше пониски цени на потрошувачите, исто така значеше и забавен економски раст, несигурно вработување и социјални потреси“.
„Земјите ќе развијат експлицитни суверенистички национални индустриски политики и ќе го зајакнат трошењето за поттикнување на локалната иновација, да ги заштитат новите индустрии и да ги заштитат националните економии од непријателски преземања од странство“, велат аналитичарите на БофА.
Трансхуманистичката потрага по „бесмртност“, исто така, ќе излезе на виделина во следната деценија, како и новата трка за технологија за оружје меѓу САД и Кина, наречена „Сплитрнет“.
Кина на крајот ќе победи во трката , дозволувајќи му на Пекинг „да достигне национална супериорност во технологијата за долгорочен период vis-a-vis Quantum компјутери, големи податоци, 5G, вештачка интелегенција, електрични возила, роботика и компјутерска безбедност“.
И покрај тоа што прогнозата е полна со застрашувачки елементи од областа на технологијата, фактот дека глобализмот е при крај и дека ќе започнеме да го гледаме можното враќање на масовната имиграција во земјите од каде што дојода, и тоа дава надеж за многумина од суверенистите и слободлјубивите народи во светот. Кристијан Руз од ОАН во продолжение.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!