Откако на 23.12.2019 Родина Македонија го објави почетокот на собирањето на потребните 1000 граѓански потписи за регистрација на политичката партија, за само првите 3 дена (од законските 90 дена) откако беа одбрани само дел од нотарите и вистинското собирање започна на 25ти Декември, веќе до 27ми Декември се собрани 300 потписи од подржувачи на идејата за Слободна и Суверена Македонија и во рекордно време ќе ги собере 1000-та оснивачи!
Приклучи се во првите 1000 основоположници кои во рекордно време следниве неколку недели ќе ја формираат единствената Македонска, суверенистичка, непоткуплива и визионерска опција за градење на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години како дел од глобалната политичка револуција и во заедничка борба со сите слободољубиви народи против глобалофашистичкото зло и планираното национално, економско и лично ропство!
Изјавите за поддршка се доставени и се пополнуваат кај определени нотари во секоја од вашите општини. Пишете во инбокс за вашата општина а до крајот на неделава ќе се објави целосниот список на нотари низ Македонија.
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/