Замолчани и Лишени од Возвишени Цели Образование, Религија и Идеологија во Македонија – Ливрински Блог!
Сподели на социјалните платформи:

 

Возвишената цел не ја раѓало само образованието, ами и идеологијата и религијата. Од религијата ние како Христијани се откажавме многу одамна и прво тоа стана присутно кај нашите свештеници и тука го наоѓаме одговорот зошто тие така се однесуват ладнокрвно, дури неплашејќи се од божја казна. Политичка партија не може без идеја, идеологија и без возвишена цел како ни животот на човекот, на оној човек кој се одлучил својот живот да го живее со повозвишена цел. А докторите на правни науки  стануваат смешни и патетични кога пред сопствени очи им го кршат правото и уставот, а тие се  праваат дека не е ништо страшно, а нема пострашна работа од тоа да ти се гази сопствената професија и струка. И преку тоа може да се види колку им вредат сите дипломи.

 

Деновие се мачам! Си размислувам што се случува! Нешто не е во ред со мене или работава е со луѓево. Две години како Македонија е под окупација ! Сменето и, е името! Македонскиот народ од народ е симнат во коса црта! Во тек е ревендирање на македонската историја. Грците ќе си ја земат антиката, Бугарите средновековната, а Србите југословенската историја. Албанците ни го воведуват албанскиот јазик за втор службен јазик со што започнува процесот на федерализација и кантонизација на Македонија нешто налик на Швајцарија или Босна и Херцеговина. ImageПрашање или работи што ме мачат е кој ќе не одбрани? Колку што можам да видам дека никој, ниту пак има некој да не одбрани, ние како македонски народ со години сме сами оставени сами на себе си да се браниме и тоа ние обичните луѓе го правиме.

Моето прашање е каде ни се интелектуалците? Каде ни е интелектуалната елита? Нели таа ние совеста на народот, општеството и државата? Нели тоа е првиот браник  во одбрана на народот и државата? Па каде се? Никаде ги нема. Колку што можам да видам во последните неколку години си замолчеа, оставајќи го народот сам да се брани. На мојот правен факултет “ Јустијан Прима“ на кој јас студирам сите молчат! Единствено  професорката Тања Каракамишева-Јовановска има храброст  јавно да застане во одбрана и заштита на националните и државните интереси. Останатите сите молчат! Убаво им е! И додека им го кршат  правото и уставот!

Докторите на правни науки навистина со извинување стануваат смешни и патетични кога пред сопствени очи им го кршат правото и уставот, а тие се  праваат дека не е ништо страшно, а нема пострашна работа од тоа да ти се гази сопствената професија и струка. И преку тоа може да се види колку им вредат сите дипломи. Земете ја Рената Десковска  професор по уставно право, Доктор на правни науки. Не знам женава кај кои професори полагала и кај кој учела, кој и дал диплома. Но навистина да гледате пред вас како се крши уставот и правото, и така да си дремете без да гукнете, преку тоа може да се види капацитетов на женава и се друго останато. Можам да ја сватам  и партиската припадност и идеологијата, но неможе да се замени тоа за нешто што се вика право! Пред правото треба сите да молчат, бидејќи тоа кажува за состојбата како што правилно би требала да биде.

Не можам да чујам ниту пак некој од мојот претходен факултет Филозофски Факултет на кои студирав да се јави. Ниту некој историчар, филозоф, социолог да се јави. Со исклучок на професорот Љубомир Цуцуловски кои како филозоф со своите анализи се најде на бранкот на одбраната на македонската држава.

Работата која што ме мачи е токму тоа зашто е тоа така? Си викам со мене нешто не ли во ред што имам храброст нешто да напишам, и покрај тоа што две години ме блокират на интернет и покрај тоа што влегов во конфликт почнувајќи од мојата фамилија и мојата околина поради моетот вакво пишување. Си викам нешто не во ред со мене или со човециве нешто не во ред! Ако не си одговорам сам на прашањево, нема кој да ми одговори. Затоа сам ќе си одговорам.

Пред се на Македонија и требат вистински и прајски луѓе! Луѓе без влакно на јазикот. Луѓе со идентитет и интергритет, стручност и професионалност. Луѓе кои не се корумпирани и кои не дозволуват да бидат корумпирани на јавна сцена. Луѓе кои општото добро на државата и нацијата им е на прво место дури и пред сопствениот материјален интерес. Како што и претходно кажавме такви луѓе во моментов во интелектуалната и политичката елита ги има малку речиси воопште ги нема. Сигурно е дека ги има во обичниот народ. Многу пати до сега имаме констатирано дека ѓубрето парадира на сцена цели дваесет години, за сметка на тоа луѓето со вистински вредности се фрлени во кал и тоа е нешто што во иднина мора да се промени.

Зошто тоа е така? Едноставно е! Големите луѓе кои светот ги имал пред се биле силно изградени личности со свој идентитет, интегритет, образовани, самостојни, растеле во нормална средина и опкружување. Сигурно големите луѓе дозволиле животот сам да ги води, а тие оделе по патеката по која и го направиле изборот да се биде ли во животот задоволен само со матрејален интерес, односно биолошки начи на живот или да се има нешто повеќе некоја повозвишена цел од материјалното богаство. Возвишената цел не ја раѓало само образованието, ами и идеологијата и религијата. Е тука ние сме долу! Со самиот распад на источниот блог заврши ерата, тогаш започна ерата на интерес и затоа нека не ве чуди зошто нашите политички партии се шупливо празни како и најголемиот број од светските политички партии.

Што се однесува до религијата ние како Христијани се откажавме од неа многу одамна и кога се распадна комунизамот  и се врати на сцената религијата, кај нас не се врати вистинското христијанско верување, туку напротив се вратија некакви обичаи и традиции кои немат блага веза со христијанството, стар и нов завет. Прво тоа стана присутно кај нашите свештеници и тука го наоѓаме одговорот зошто тие така се однесуват ладнокрвно, дури неплашејќи се од божја казна. Секако дека тие ќе се однесуват така  кога тие знат за бога онолку колку што и јас знам за архитектура (за архитектура ама баш ништо не знам) затоа и нека не ве изненадува тој факт. Ако тие што се декларират за слуги на Бога така се однесуват, а што очекувате тој народ како да се однесува.

Политичка партија не може без идеја, без идеологија таквата партија е како празна тиква. Исто така не може без идеја, идеологија и без возвишена цел ни животот на човекот, на оној човек кој се одлучил својот живот да го живее со повозвишена цел. Токму живејќи го животот со повозвишена цел историјата ги родила големите луѓе како Јан Хус, Мартин Лутер, Че Гевара, Боливар, Галилео Галилеј, Исак Њутон, Гоце Делчев и останатите.

Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар