Универзалната Декларација за Човековите Права, ООН, Бан-Ки-Мун и Македонците – Георги Гоце Дуртаноски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Да се потсетиме на како се брани Македонија и Македонскиот Народ со милион разни дела во сите сфери на борбата за идентитетот, историјата и правото да опстојуваме на нашите прадедовски огништа. Таков пример за вткајување во богатиот мозаик на глобалната промоција на Македонското суштествување, е врвниот Македонски интелектуалец, Георги Гоце Дуртаноски, кој по повод 65-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права во 2013 година, на 8. генерален секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун му испрати рачно напишано краснописно дело со македонска глаголица, кое до ден денес стои во ООН како дел од Македонскиот придонес во светската историја и културно наследство.

Ова е прво и единствено уметничко дело од ваков вид депонирано во Организацијата на Обединетите нации во Њујорк што е коенциденција и пандан на единствениот преседан во историјата на човештвото (и ООН) за оспорено право на идентитет на една нација – македонската. Делото е транслитерација на Преамбулата од Универзалната декларација за човековите права напишано со глаголица – супериорно писмо изумено на македонско тло од Светите браќа Кирил и Методиј, родени Солунчани, во Македонија и претставува дел од серијата на авторот со наслов: „Со култура против некултура„ за правата на Македонците.

Бан Ки-мун е првиот генерален секретар на Обединетите нации кој дојде во официјална посета на Македонија (ако се изземе посетата на Кофи Анан во посета на бегалскиот камп Стенковец во 1999 година која не беше официјална). Бан Ки-мун ќе остане запомнет кај Македонците по неговото предавање на Школата за млади политички лидери во Охрид каде го користеше историското и уставно име Македонија (за која земја беше слушнал уште за време на неговите студентски денови), а додаде дека „ОН не прават компромис кога се во прашање универзалните права и принципи„ – што индиректно им посочи на македонските политичари да не прават никакви компромиси со името Македонија што е основа на идентитетот, што претходно беше потврдено и од Меѓународниот суд на правдата во Хаг. 

Бан Ки-мун за време на своето командување со ООН за главна политичка цел ја избра битката против глобалното затоплување, надевајќи се дека безнадежно раскараните нации во светот ќе успее да ги обедини барем околу опстанокот на цивилизациите. Неговите обиди за правилно решавање на проблемот со името на Македонија базирано врз универзалните човекови права и принципи не вродија плод. Тој до крајот на својот мандат остана заробен на жестоката и агресивна реторика на големите сили, а Американците добро знаат на секој генерален секретар веднаш му ставаат до знаење дека се наоѓа на нивна територија и дека канцеларијата во њујоршкиот Залив на желките (ООН) всушност се креација на САД и нивната доминација.

П.С. За време на неговиот престој во древната македонска духовна престолнина Охрид тој погали и се спријатели со едно македонско маче на влезот од црквата Св.Богородица Перивлепта кое надвор од сите протоколи успеа да стигне и да се поздрави со високиот гостин. Ова маче до ден денес го носи неговото име – Бан Ки-мун.

Георги Гоце Дуртаноски е македонски краснописец и директор на Центарот за ракописни студии при Летонската христјанска академија во Рига каде предава христијанска палеографија.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар