Сеул Откажа да Плаќа 600% Зголемен Рекет за Трупите на САД! А Корејците Бараат Набркување на Базите на САД!
Сподели на социјалните платформи:

За празноглавите квислинзи, квазиопозиција и Сорос-медиумски ЕУ/НАТО папагали кои велеа, само да влеземе во НАТО и ќе се налапаме пари! Како што глобално пропаѓа НАТО и ВоеноХушкачката Империја, пропаднаа и разговорите за плаќање на трошоците на војската и базите на САД во Јужна Кореја од страна самите домаќини, во превод рекет за заштита од братските Корејци на поделениот народ, на кои заштита не им ни треба ако американците си заминат, бидејќи имаат и водат Сончева Политика на обединување на двете Кореи! А народот на Кореја редовно продолжува да протестира и порачува Јенки Гоу Хоум и откажување на гостопримството на базите на САД, чии војници се крајно непопуларни со своето поведение, како силувања, газења на пешаци со автомобили, итн, и се тоа без казна од САД.

Ова е клучен развој на настаните во Кореја кој во голема мерка отсуствува од фокусот на медиумите а може да има трајни штетни последици за САД, особено ако се земе предвид дека сме можеби неколку дена далеку од ветениот „Божиќен подарок“ на Пјонгјанг –  што веројатно ќе дојде во форма на балистички тест со долг дострел насочен во лет преку Јапонија.

Новата цена за рекетарска заштита на Јужна Кореја од скоро 5 милијарди американски долари која ја бара администрацијата Трамп, ултимативно дадена на Јужна Кореја на почетокот на ноември за да ги покрие трошоците за сместување на американски трупи, за 600% го надминува досегашниот исто така не мал рекет од 800 милиони долри годишно. Американските трупи се стационирани на полуостровот како “заштита” против северот преку американските сили на командата Индо-Пацифик од 1957 година наваму

Овие преговори завршија со неуспех во средата, при што веќе не се закажани повеќе и нови разговори пред да истече постојниот договор на 31 декември 2019.

Разговорите беа водени од главниот преговарач на Јужна Кореја Џонг Еун-бо и неговиот американски колега Џејмс Дехарт и се очекува да продолжат во јануари. И додека би можел да се постигне ретроактивен договор, расте гневот кај народот на Јужна Кореја и кај раководството околу очигледната непопустлива позиција на администрацијата Трамп за ова прашање.

Во потенцијално омекнување од страна на американската страна, Дехарт им рече на новинарите по состанокот во средата дека „(5-те милијарди долари) не е бројка на која во моментов сме фокусирани во преговорите … кога ќе постигнеме договор, ќе бидеме во состојба да ја објасниме таа бројка и како стигнавме таму“.

Ројтерс забележува дека „Некои експерти, и американски и корејски, предупредуваат дека доколку не се постигне договор, тоа би можело да ја доведе во сомнеж целата иднина на присуството на САД во Јужна Кореја “.

И Џејсон Диц на AntiWar.com забележува дека Трамп ја истегнува предалеку својата рака на овој начин :

Барањата во последните моменти на претседателот Трамп за масовно зголемување може да испаднат огромна грешка, бидејќи Јужна Кореја веќе плаќаше повеќе отколку што прават повеќето нации за американските трупи и се согласија за поскромно зголемување. Да се ​​добие од 800 милиони долари годишно на околу една милијарда американски долари годишно беше една работа, но побарувачката на  Трамп за 5 милијарди долари годишно налути многумина во Јужна Кореја.

САД не направија никаква добра или корисна работа за да го оправдаат ваквото невидено зголемување, и покрај тврдењето на официјалните претставници на администрацијата дека Јужна Кореја е богата и затоа може да си го дозволи тоа. Со тоа што Јужна Кореја работи на подобрени воени врски со Кина и правење мировни чекори кон Северна Кореја, не е јасно дали трупите на САД им се воопшто дури и неопходни.

Минатиот месец американскиот министер за одбрана Марк Еспер им рече на новинарите на брифинг во Сеул дека Јужна Кореја е „богата земја и може и треба и треба да плати повеќе“ за распоредување на американските сили на нејзина почва.

Пред огромното покачување на цената, на 5 милијарди американски долари, Јужна Кореја веќе се согласи да плати зголемување на 920 милиони американски долари годишно за одржување на приближно 29.000 американски трупи  во земјата.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар