Време е со подршка од суверенистичките пријателски нации да бараме признание на Македонски Геноцид од страна на Грција како уште еден столб, покрај историските, националните и меѓународноправните, на барањето за идното обединување на Македонија. Во многу силна и далекусежна вест, Ердоган најави дека ќе го признае за геноцид убивањето на домородните Американци, индијанците, од страна на Јенките во САД, како одговор за прогласувањето на Ерменскиот Геноцид од страна на САД.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ова го најави како одговор до Вашингтон за неодамнешниот американски предлог-закон што го признава ерменскиот геноцид во 1915 година, Минатиот месец тој директно го предупреди Трамп за сериозни последици ако терминот „геноцид“ е формализиран во американскиот закон.
И сега, според „Индепендент“, Ердоган вели дека Турција би можела за возврат да даде законско признание за масовното убиство на домородните Американци од страна на европските доселеници и американските колонисти во најновиот потег против резолуцијата на Конгресот.
„Можеме ли да зборуваме за Америка без да спомнеме [Индијанци]? Тоа е срамен момент во историјата на САД “, рече Ердоган во телевизиското интервју оваа недела, најавувајќи закана со реципрочна мерка. Теоретски таквото турско законодавство би значело дека турската влада не би можела да соработува со какви било институции што вклучуваат негирање на „геноцидот“ на домородните Американци.
Според The Independent :
Говорејќи на провладиниот канал Хабер, тој рече: „Ние треба да се спротивставиме на [САД] со тоа што ќе возвратиме на ваквите одлуки во парламентот. И тоа е она што ќе го сториме“.
„Можеме ли да зборуваме за Америка без да спомнеме [Индијанци]? Тоа е срамен момент во историјата на САД“.
Досега Ердоган остана непоколеблив во однос на заканите од санкциите на САД поради набавките на Русија за руски одбранбени системи С-400, и најава за купување Руски Су-57 авиони по блокирањето на траснферот на американските Ф-35.
Прашањето за ерменскиот геноцид одамна е болно прашање за турската држава. Турција признава дека многу недолжно цивилно население биле жртви во 1915, но оспорува дека ова било резултат на спроведување на планирани геноцидни политики. Наместо тоа, се тврди дека гладот, болеста и суровата војна, имаат огромна улога како и директните воените жртви.
Во меѓувреме, рано во вторникот американската администрација посочи дека претседателот Трамп допрва треба да ја признае резолуцијата на Конгресот.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!