Членот на ИО РОДИНА МАКЕДОНИЈА, Боби Ѓорѓиевска пишува. Е па господо од вечно обесправеното малцинство со најголемите привилегии во светот, дали сте ја слушнале поговорката дека едно мисли мечкарот а друго сонува мечката. Вашиот танц беше воинствен и освојувачки се додека со звуци на томахавки свиреше вашиот мечкар, западната глобалистичката гајда. Но во последните неколку години таа гајда се издиша, а вашиот танц се претвори во хистерично скокање несинхронизирано со светските цивилизациски текови.
„Без амин од албанците не смеело да се носи ниту една битна одлука“, „Апсурдно е со тројца Македонци да разговараме за од Господ дадено право да зборувам албански“, „Нема шанси да се сменат Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија“. Овие наслови ги добивме како пораки во изминативе неколку дена од албанските лидери во Македонија.
Со кое право забранувате да носиме одлуки кои се однесуваат на нас самите, нашиот македонски народ и нашата држава Македонија и што според вас ќе се случи кога ќе си ја вратиме македонската држава на македонскиот народ по асномски принципи, во кои има место за сите мирољубиви малцинства, но не и за терористички настроени поединци и групи? Кои сте вие, да одредувате што за нас е битно а што не? Дали сте свесни дека со вашата политика диктирана од корумпираните западни дипломати, створивте амбиент во кој тешко ќе може да се воспостави толеранција и соживот со прпадниците на вашето малцинство, кое реално не надминува 15%.
Во однос на изјавата дека било апсурдно еден албанец со тројца Македонци да разговара за од Господ дадено право да зборува албански, ќе ви препорачаме, кога веќе се повикувате на Божествени права, да пронајдете каде тоа во Куранот или Библијата е запишано. За да ви помогнеме да пронајдете некаков запис за албанскиот јазик, ви препорачуваме да го посетите австрискиот воен архив, каде добро е запишано со која цел и за која намена пред отприлика 150 години се создадени албанскиот јазик, народ и нешто покасно држава на територија населена со словенско население. И не со тројца (случајно или не определена бројка која ја отсликува лажираната застапеност од 25%), туку со седморица Македонци би требало да разговарате, ако се земе во предвид реалната пропорционална застапеност, а во тој случај и природно и логично е да го зборувате нивниот јазик, што во брзо време и ќе се случи. Се зборувало тука не векови, туку милениуми на македонски, така и ќе остане за во иднина. Вакви јазични авантури како сега вашата, во историјата имало повеќе пати, поминале, ќе помине и оваа на еден или друг начин.
Немало шанси да се сменат штетните фашистички договори склучени и усвоени на криминален начин во услови на окупација со специјална војна. Така и Хитлер размислувал, гледаме дека верно го следите во идеите и размислувањата уште од фашистичката окупација во втората светска војна. Шанси секогаш има за се, но зависи како актерите ќе ги искористат но и како ќе се менуваат условите во кои живееме. Имајќи во предвид дека гајдата на вашиот мечкар издиша, а во светот се свири поинаква музика, голема е веројатноста да бидете отстранети од светската сцена, бидејќи исто како и музиката на вашиот мечкар така и вашиот танц не се вклопува во новата светска претстава. Вашиот мечкар веќе одамна размислува како да си ја спаси главата од „ураниумски и соросоидно демократизираните“ народи ширум светот. Вакви исходи се почесто гледаме, но и се поблиску до нас. Редно време е и вие да си го промените сонот и прилагодите на новата реалност, колку побрзо, толку подобро. А кога мечката (оваа новата од истокот) ќе заигра во комшии, и кај вас ќе стигне. Но танцот на оваа е многу поразличен од оној вашиот, и не се вклопува во вашиот сон.
Македонија постоела и ќе постои. Не за еу, не за нато. Никогаш северна, само Македонија. Затвор за криминалците, слобода за народот.
Боби Ѓорѓиевски член на ИО-Родина
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/