Поважно од Само-Фалбите е Целосно да се Вложиме во Визијата за Слободна Македонија – Игор Цветковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Игор Цветковски суштински ја изложува разликата меѓу старото и новото, меѓу комфорна патриотска аналитика и визионерска патриотска активност, со повик да се надмине стариот удобен модел на коментаторски лежерен патриотизам во кој лажно не залулка ДПНЕ за на крај да не остави сите жедни на изворот, и да се вложиме сите заедно и целосно во конкретни акти за обединување околу идејата и визијата за Слободна Македонија и креирање на нејзината победничка наратива! Подолг, помакотрпен пат, но и единствено можен и нужен и за Македонија и за сите слободoлјубиви народот во овие клучни моменти за иднината на Македонија и на човештвото, бидејќи борбата на суверенистите против лажните глобалисти е токму околу тоа, борба за душата и иднината на човештвото која не смееме и нема да ја изгубиме.

Понатаму Игор Цветковски прашува: Што е поважно?

Да се биде во право со својата проценка, да не се презема ништо порадикално, макар таквиот исход значел пораз за општеството, идејата, и ако не крах тогаш многу, многу потежок и подолготраен пат до подобрување на состојбите и остварување на визијата?

или,

Да се преземат дејства, и токму поради таквата проценка, да се здружат силите, да се надминат само-фалбите колку пати сме биле во право, за да ги промениме состојбите кои би останеле исти (како што сме процениле) доколку само коментираме одстрана, да се вложиме целосно за идеја и визија која е над сите нас и да ги поддржиме оние кои се залагаат за промена на состојбите при што првично увидената и кажана проценка би се покажала како крајно погрешна?!?

А што ако увидот, проценката и не е баш точна, се има влијание во јавноста а постојано се нагласува истата и свесно се создава губитничка, раздорна атмосфера, спротивно од крајно неопходната сплотувчка, победничка атмосфера ?!? Кому користи тоа ?

Оно кој работел долги години во медиуми, кој се смета за одличен познавач на публиката, би требало да знае дека за промена на состојбите во едно општество, многу поважно дури и од фактите, е создавањето на НАБОЈ, ПРИТИСОК, дека ВЕЌЕ СЕ СЛУЧИЛА ПОБЕДАТА, дека состојбите се менуваат.

 

Остави коментар