Непочитуван Г-дин Османи, Племенските Закани со Крв, ве Носат Пред Мечот на Правдата – #ДвижењеБојкотирам!
Сподели на социјалните платформи:

 

Вашите изјави по повод мислењето на Венецијанската комисија во однос на Законот за двојазичност ги сметаме за провокација на меѓуетнички судир. Правото е едно, и не постои посебно право за Македонци, Албанци, или некој друг. Правдата е со врзани очи и меч кој сече подеднакво за сите. Изјавите во стилот “македонски судии и албански судии” само говорат за вашето гранапчиско сфаќање на поимот правда. Правдата е со врзани очи токму и поради фактот што таа не суди според нација, вера, материјален или општествен статус, туку според словото на правото. Не постои “македонска правда” ниту “албанска правда”, постои само ПРАВО и ПРАВДА.

Според овие два концепта ( очигледно непознати за вас ) вие сте ВИНОВЕН за ширење меѓуетничка тензија, злоупотреба на службена положба за која плаќаме сите подеднакво данок, и Македонци и Албанци – и лажно претставување. Ова се криминали за кои следат реперкусии и казни. Тоа што сте Албанец не ви помага ни трошка. Во Венеција бевте како претставник на државниот апарат а не како претставник на Албанците. Тоа што сте Албанец е само незгодна последица на работите.

#ДвижењеБојкотирам најосто ги осудува вашите изјави и бара МОМЕНТАЛНА и НЕОТПОВИКЛИВА оставка од вас, затоа што сте срам за земјата што ја претставувате и етничката група на која му припаѓате. Земете си ги латентните закани и напикајте си ги назад во 19-ти век, во трлото откаде сте ги извадиле. Ние сме во 21-ви век и не планираме да се враќаме наназад заради вашите племенски фрустрации.

НЕ ПОСТОИ етничка правда ниту ЕТНИЧКИ ЗАКОНИ!  Ако за 15 години министерување не сте ја научиле оваа проста вистина, тоа зборува за вас. Застанувањето на пат на просперитетот на сите нас со вакви гранапчиски изјави во чуствително време, ЛАЖЕЊЕТО за извештајот на Венецијанската комисија заслужува најмалку ОСТАВКА, а потоа и секако ваше застанување пред мечот на правдата. За да научите што значи правда.

#ДвижењеБојкотирам

Остави коментар