За да не се разбере дека живееме во Поперовата “Теориjа на завера”. Расфрлани низ глобалните села, но сепак сите живееме под гнетот на ропскиот систем, дизаjниран за целото човештво .
Либералниот капитализам е само еден чекор повисоко во традиционалните робовладетелски интеракции меѓу луѓето.
Одамна веќе не е “фенси” Господата, да се фалат со; евтино купен роб, плус неговиот син- гратис. Но затоа, милиони работници: мажи, жени – со разни бои на кожата – со иста гримаса на престарените – не по возраст – лица, со сопствени патишта кон Бог, цело деноноќие без изгрев и залез, наполнети со знаења полезни за извршување задачите на работното место, се вртат по побледениот животен круг; работа-дома, оставаjќи го породот да биде, згрижен, и , воспитуван, од државата и неjзината идеологиjа. Во времетраењето на оваа вртење низ спиралите на дантеовите кругови, сите стануваат робови на банкстерите и нивните налогодавачи.
Колку е милозвучно двозборието – социjална мобилност ! Тоа стана увертира во сказката за ,, американската мечта “Можеш да стигнеш до врвот” , без оглед на педигре, боjа на кожа , религиjа , сексуална фантазиjа . Тесно е на врвот. Довчерашни паjташи, колеги, содружници низ лавиринтите на утрешот, стануваат забезекнато и навредено вчера . Материjата во лава ги вшмукува и … Киборгот е роден ! Живо ткиво кое работи за машини и нивно одржување.
Не се многу пребирливи , светските владики , и сертфикат за доброволно ропство даваат секому и на сите. И тогаш се случуваат фин. кризи , како 2008 , … и целиот процес се вклучува одново , напиен со свежа негативност , до некоjа следна ,, 2008 ,,. Ништо не е променето од времето кога др.Фауст jа направи своjата зделка за да добие знаења за лична полза кои го хранат внатрешното зло. Тоа е метафората коjа jа чува чува од заборав кратката историjа на современиот човек ,.Љубопитен од своjот разум , со подзапоставено спознание за Бог, но со свест за себе, Човекот го напушти Светот создаден по негова мерка . Прилепен, пришиен, приетикетиран е неговиот “грев” во тоj судбоносен ден.
Неговиот Раj беше узурпиран од Светлоносецот коj го создаде несовршениот хабитус , надграден , cо Армирралните сфери- Сончев Систем. Тората , за западниот пазар преименувана во Стар Завет , сликовито го опишува овоj процес; во Книга за Битието.. Сумерскиот еп за Анунаките , го раскажуваат истото , Ведите ; како индиски , така и славjански , како и многуброjни , свети книги , во речиси сите локални традиции и фолклор.
Игнорирано е правото на избор при решавање на овоj мега проект на “богот”, имитатор. Исто како што неможе да постои “првобитен грев”. Љубовта, како рефлексија на вистината, не може да биде грев, дотолку повеќе што тоа е единствениот природен начин за продолжување на видот , заради кого е реализиран проектот “Земjа и Сончев Систем”,.
И Богочовекот, ги подсеќал Евреите на нивната обврска – плодете се, множете се!
Апостолот на капитализамот Карл Маркс, историски рекламиран како идеолог на намерно искривениот концепт “комунизам” jа пласира ахуманата теза: Трудот го создаде човекот, и ги окуражи луѓето за идните прометеевски страдања, додека се движат кон следниот “чек поинт” на своjата судбина, коjа , пак ,е измислена заради лична утеха или самоамнестиjа за комфорт во сопствената тесна кожа. Како оправдување пред егоистичниот разум. Ако постои предопределена Судбина, тогаш што е со Правото на избор кое jа создава личната судбина, со секое ново решение и секоj незапрен чекор.
Од друга страна, учениот, коj jа разгатна суштината на етерот и неговата нарав, Никола Тесла, забележа: “Моjа мисиjа, си одредив, да е бесплатна енергиjа за луѓето, и нивното ослободување од теророт на трудот”.
Ако е ова природната состојба на нештата, тогаш зошто човештвото е несреќно, во глобални рамки? Ако светов во коj живееме е “изграден по мерка за човекот”, коj пак е смоделиран по ликот божjи, тогаш од каде таа нељубов кон своите деца и постоjан страв од неговата казна?
И дали го славиме Бог или го богоистоветуваме неговиот вешт плагиjатор, неинвентивен и бездушен?
Одговорите ( секоj за себе ) на овие прашања, на интуитивно ниво, ослободено од покровителството на догмите и ,”класичното образование”, можат да имаат ефект на колективен мамурлук на видот Хомо Сапиенс во Рудникот Земjа.
Зоран Курљан
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!