Прокламирајќи МАКЕДОНИЈА ИМА ПРАВО НА МАКЕДОНИЈА, Проф. Др. Љубомир Цуцуловски обрнува внимание на фактот дека понекогаш забораваме дека поважно е нашето мислење, неговата правдина, исправност и правичност од некаква потврда на овој или оној. Радувајќи се на мислењето на Венецијанската комисија, повторно, барем посредно, признаваме дека потврда за исправноста/неисправноста на нашите одлуки бараме кај другите (што е израз на несигурност во себе!) наместо потврдата да ја бараме кај нас – во Македонија и кај Македонците.
Сѐ додека не се сфати едноставниот принцип дека не постои ништо побитно за Македонија од Македонија, Македонија и понатаму (самата себе) ќе се става во подредена улога кон другите. И како што никој не сака некој друг да чепрка во неговиот двор и во неговите интереси, на ист начин и Македонија треба да се однесува.
Конечно, потребно е барем еднаш да се свртиме кон себе, наместо одобрувања да очекуваме од другите.
П.С. Во прилог го препостирам моето мислење за двојазичноста, постирано пред повеќе од две години – на 15 ноември 2017 година.
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!
Е Профа, да беше толку едноставно и да се работеше само како што велите за ““(што е израз на несигурност во себе!)““ ќе беше прелесно да се надмине. (претпоставувам користите реторика за да на навредите некого, ама западот оддамна ги симна ракавиците и сесрдно се користи со наци-фашизам, време е отворено да се спротивставиме или да молчиме и да ја трпиме тиранијата, прашање за секого секој ден?)
Се работи за чувство на инфериорност, за слугански комплекс, за воспитување уште од мали нозе да се слугува, да се гледа со восхитеност на декадентните западни вредности и истите да се возвишуваат, таквата состојба е инсталирана и се негува со генерации.
Погледнете ги само оние од ДПсНЕ како гордо изјавуваат дека ВМРО уште не постоело а било свртено кон западот од такви да очекувате нешто е несериозно!
Почитуван Љубомир Цуцуловски,
Македонскиот народ имплицитно знае дека сме во право и дека сме правични, но политичките структури во Република Македонија се неедуцирани и работат по моделот на хетерономната другост, или, ако сакате по „точно утврдена стратегија од САД и ЕУ“ со цел раздор на правната држава и тоа во интерес на некои членки на ЕУ.
Значи не станува збор за потреба од докажување, туку за „одбрамбен механизам“, кој ќе ја врати македонската држава на меѓународни рамки според нормите прифатливи и обезбени во Меѓународното право.
Вие многу добро знаете дека и Времената спогодба во своите основни постулати го подреди Македонскиот народ и држава, а македонските интелектуалци премолчаа.