Сите нешта во светот, се што е живо во природата се што се раѓа има свое време на развивање, растење, старење и на крај доаѓа процесот на умирање. Па така е и со човечките општествени системи, империите не биле вечни! Имале свои периоди и време на траење, растење и развивање и на крај кога ќе дошле до зенитот настапил процесот на изумирање. Па така и западнава империја оди кон тој пат на умирање и изумирање.
Во моментов на западот во Боливија се случи пуч, целта да се дестабилизира Боливија е поради трговијата која Боливија ја направи со Кина, поради реткиот метал кои Боливија го има, а тоа е литиумот. Но на исток станува мошне интересно како таму настануват промените. Веќе десетина години по целиот свет настануваат промени и истите се одвиват со голема брзина. Во последнив месец Трамп започна преговори со Авганистан за прекинување на огнот и за започнување на соработка. Тоа е дел од неговата политика за нормална соработка помеѓу народите и државите во секаков поглед.
Другата работа е уште поинтересна! A тоа е што довчерашните сојузници на САД, Саудиска Арабија и Израел наеднаш започна со интeзитивна соработка со Русија. Сите сваќaат дека досегашната политика и сојузништво со САД не им донесе ништо добро ниту на Евреите, ниту пак на Арапите. Па затоа Израел бара Русија да биде главниот посредник во Израелско-арапските мировни преговори. По тој повод шефот на Мосад, Јоси Коен, на овогодишниот самит за безбедност кој се одржа во Ерусалим со учество и на Русија и Путни тој кажа дека придонесот на комуникацијата со Кремљ го нарече како „Еднократен прозорец на можности“ за да се постигне Израелско-Арапски мировен договор за првпат во историјата на блискиот исток. Шефот на Мосад дури и изјави дека Мосад за првпат во историјата шпионира луѓе за да може да постигне регионално разбирање кое би довело до опфатен мировен договор.
Можеби кај нас многу малце се знае дека за Израелско-Палестинскиот спор фактички е крив западот пред се Велика Британија кој го владеше тој терен се до 1933 година кога го напушти тој терен оставајќи ги да се чавелѓат измеѓу себе. И она што е најтрагично е тоа што западот во изминатиов период не ги остави да постигнат никакво решение. Израелците и Арапците се деца на Аврама од неговите двајца синови Јаков ( Израелците) и Исмаил ( Арапите) луѓе кои се слични помеѓу себе, бидејќи потекнуват од ист татко. И не можат да го решат својот спор благодарејќи на уфрлањето на западот да го менаџира нивниот спор, наместо да ги остават сами да си го решават својот спор и еве до каде се дојдени сите сме сведоци, до ситуација каде не можат да најдат решение за нивниот спор, бидејќи им се уфрлил некои странец, трета страна кој воопште не знае зошто е нивнот спор, ниту пак е поврзана со нив.
Кога сме кај изјавата на шефот на Мосад интересно е да се се истакне и следниов говор на шефот на мосад „Израел верува дека мировните договори со Арапските држави е погоден предуслов за обезбедување на опстпјувањето на Израел и природно е дека нашиот Руски сојузник да го подржи ова наше барање.“
Горе кажаната реченица ни објаснува се! Ни кажува за промените во политиката на Израел спрема Арапите и Блискиот исток. Израелците станале свесни дека единствен услов за да опстојат во светот во кои се менува треба да водат политика на соработка и разбирање. Затоа име е потребна Руска помош и руско посредство за постигнување на преговори со Арапите. Русија сигурно ќе излезе како посредник во израелско-арпаскиот договор. Путин изјави дека две децени е подржувач на израелската држава.
Фактички со промените во израелската полиитка завршува и старата мантра која е погрешна интерпретација на стариот завет. Според стариот завет Евреите се избран народ да го преставуват вистинскиот бог во светот, а не да владеат со светот. Бидејќи светот припаѓа на сите луѓе кои живееат во него.
Кога Израел е на таков степен на загрозеност, раскаран со сите народи околу него и кога тој Израел може да направи расчекор и да разбере дека единствен начи да опстои е да започне мир, соработка и со живот со останатите народи. Може ли кај нас да настанат промени и во нашата политика? Промените кај нас во нашата политика ќе зависат од тоа што ние сакаме? Која е нашата цел? Видовме на Израел целта е да опстои! Дали и нашата цел е иста, тоа ќе зависи од нашата дефинирана политика и од тоа што ние сакаме да постигнеме. Ако е нашата цел да опстоиме како народ во новиот свет, тогаш тоа треба да го поставиме како приоритет на нашата политика, да ја дефинираме таа политика и да поставиме како таа цел и со кои средства и на кои начин тоа ќе го оствариме.
Кого ќе викаме на помош Русија, Кина и сл. Тоа ќе зависи од нашата самодефинирана политика. Нашата политика во изминативе триесетина години се засноваше на тоа каде сите овци таму и ние. Сите за влез во ЕУ и НАТО! Па така и ние.
На крај за сите овие промени западот си е сам крив! Tој два века низ цел свет направи пустош. Во неговите амбиции да владеe со светот, да ги разграба сите ресурси и природни богаства, од рушење на легално избрани влади и нивно буткање па се до разни пучеви со кои беа донесени на власт миленици на западот, сето тоа допринесе никој повеќе да не им верува вклучувајќи ги и нивните народи. Западот си е сам крив за ситуацијата во која денес се наоѓа.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.
Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!