РОДИНА Ќе ја Вратиме Гордоста по Срамното Поданичко Лигавење на ДПНЕ пред Македонскиот Негатор Борисов!
Сподели на социјалните платформи:

 

РОДИНА МАКЕДОНИЈА во реакција на средбата Мицковски и Борисов вели дека таа уште еднаш ја покажа бедата на политичкиот систем на Северна, овој пат таканаречениот „опозициски“ нејзин дел и општењето со Бојко Борисов со името на Државниот удар Северна кое помина во поданичко бедно славење на ДПНЕ-јскиот американизам и западноевропејство, кои патем речено се поразени насекаде по светот вклучувајќи токму и од нивните народи на Западот.

Ѓорчев бил половина американец, другиот бил стипендист на европските влади, третиот бил во Советот на Европа, сите големи слуги на западниот интерес, ниту еден репрезент на македонскиот народ и македонските национални интереси и Република Македонија.
А СДС била за Белград и Москва.
Какво ниско ниво на општење на меѓународна сцена!
Затоа и така ве пречекуваат со потрошена вода и бричење на суво.

Мицковски и ДПНЕ неможат да ја видат реалноста, годината и векот во кој денеска живееме, да не говориме за геополитичките промени, новиот надоаѓачки мултиполарен свет.
За жал западните институти и служби го направија своето со нивните стипендисти, сите до еден инсталирани во врвот на политичкиот, општествениот, невладиниот и судскиот систем на Северна.
Државни удари, СЈО, Рекет, затвор за Уставобранители, ослободување на убијци на деца, криминал и сето тоа добро заштитетно од запад.

Родина заедно со новите организации, партии, движења ќе го издигне македонскиот национален интерес над било кој друг интерес во Република Македонија, вклучително и партискиот, личниот..
Ќе го вратиме владеењето на правото, законот и Уставот заедно со нашиот македонски народ.
Ќе ја подготвиме Македонија и македонскиот народ за новото време, време со многу алтернативи, избор, шанси, пред се во корист на Македонија и македонскиот народ.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар