Глобалистите Вечно Жедни за Крв! Кисинџер Најави Неизбежна Војна на САД со Кина “Пожестока и од Светските”!
Сподели на социјалните платформи:
Кога Хенри предупредува дека војната на Америка против Кина – која ќе биде „полоша од светските војни“ е неизбежна (според военхушкачкиот речник читај додека Кина не попушти бидејќи Кина нема намера да почне војна) – знаете дека плановите за војната се веќе во завршена фаза. Поранешниот американски државен секретар, (и воен криминалец) Хенри Кисинџер знае сè за планирањето на војна, нели.
 
Идејниот татко на денешниот глобализам Хенри има богато искуство на водење повеќе воено-криминални војни, кога директно ги имаше уздите на власта од кои погинаа милиони цивили. Не дека насилствата и смртта на безброј недолжни цивили го вознемири многу бидејќи ниту тој, ниту неговото потомство, ниту роднините, ниту пријателите некогаш морале да ризикуваат капка крв. Гинеа други бедни цивили и бедни американски војничиња, додека Хенри и компанија го натрупуваа целиот воен плен на свои лични сметки!

Кисинџер ги даде коментарите на настан организиран од Националната комисија за односи на САД и Кина минатата недела во Њујорк.

„Сега сме во тежок период. Убеден сум дека лидерите од обете страни ќе сфатат дека иднината на светот зависи од тоа што двете страни ќе донесат како решенија и како ќе управуваат со неизбежните тешкотии “, рече Кисинџер.

Постојаниот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг би бил неодржлив и ќе доведе до „катастрофален исход“, додаде тој.

Поранешниот државен секретар на САД изјави дека конфликтот е „неизбежен со оглед на историјата помеѓу суперсилите“.

Ова ќе има катастрофален исход и ќе доведе до постојан конфликт … а војната ќе биде пожестока и од светските војни кои ја уништија европската цивилизација“, рече Кисинџер.

САД и Кина се впрегнати во трговска војна откако претседателот Трамп започна да воведува тарифи на илјадници кинески производи, во обид да стави крај на досегашните трговски практики.

Да не заборавиме, Кисинџер и го создаде овој проблем. Кисинџер го советуваше Никсон да ја отвори САД кон Кина во 1972 година. Помалку од педесет години подоцна, ги гледаме резултатите. Нација од милијарда сиромашни Кинези, откако и беше дозволено слободно да тргува со Америка, стана фабрика за целиот свет растејќи до веќе прва најголема економија на планетата. 

Кисинџер и раните 70-ти го означија почетокот на сегашниот корпорациски лажен Глобализам. Кисинџер е идеологот на Петродоларот и на излегувањето на доларот од златниот стандард и подржан само со вечни војни за вештачко одржување на неговата улога како средство за финансиско поробување на цел свет. Што повеќе ни треба да знаеме … се од тогаш наваму оди само надолу и сме близу до крвавиот расплет.

Гласот на ЦИА на Кинески јазик го пренесува Кисинџер:

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар