Повеќе од 100.000 полски патриоти парадираа вчера на улиците на Варшава на годинешниот марш за независност. Десетици илјади луѓе, мавтајќи со полски знамиња, млади и стари, од сите сфери на животот, со цели семејства излегоа на улиците. Нација од триесет и осум милиони во срцето на Европа (т.е. со население приближно со големината на Шпанија) се бунтува против ЕУ и нејзиното гледиште за европско единство засновано врз културна и верска рамнодушност и антинационализам.
Луѓето кои учествуваа на маршот се декларираат како патриоти (зборот кој во Полска сè уште има позитивни конотации) иза разлика од западните медиуми за кои ова се нацисти, расисти, антисемити и исламофоби кои имаат одвратност за Европската Унија.
Околу 50.000 луѓе присуствуваа на годишниот марш, изјавија претставници на локалната самоуправа, но здружението на марш за независност соопшти дека бројките веројатно биле 150.000. Маршот започна во понеделникот попладне во Централна Варшава, со зборовите на организаторот Роберт Бакиевич, кој на присутните им рече „Мораме да се вратиме на своите корени. Нашиот свет ги напушти Бога и христијанството. Или ќе изумреме како што изумираат Западните нации”
Илјадници пееја „Грижете се за целата нација“, кои се стихови од полска верска песна, барајќи од Дева Марија да ја одбрани земјата. Други вееја патриотски знамиња и извикуваа „Не на Европската унија“ и „Бог, чест, татковина!
Tens of thousands of #Poles from #Warsaw and across the country participate in the #IndependenceMarch that takes place on the streets of the #Polish capital city on the Nation’s #IndependenceDay.#Poland #independence
More:https://t.co/Rg2uPz3cp2 pic.twitter.com/nt3CZsB9NJ— TVP World (@TVPWorld_com) November 11, 2019
Полска се сврти кон патриотизмот уште кога партијата Закон и правда (ПИС) дојде на власт во 2015 година. ПиС ги повика граѓаните да го напуштат западниот либерализам и да се врата на патриотизмот и христијански вредности.
Присутните запалија пламени и маршираа низ улиците извикувајќи повеќе слогани: „Не исламска или секуларна, туку католичка Полска“, „Не за абортус“ и „Голема Полска е наша цел“.
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги зповика граѓаните да се обединат под „една заедничка татковина, над сите поделби“, но призна дека во Полска се дозволени „различни идеологии и верувања“.
Додека милиони радикални муслимански бегалци влегоа во Франција, Германија, Шведска, Велика Британија, Италија и Шпанија, создавајќи социјално-економски хаос на улиците на тие земји, Полјаците се обидуваат да ја оживеат својата нација преку патриотизам и традиционални католички вредности.
United; that's what Poles were today, united in patriotism, mothers, sons, fathers, daughters, the old, the young, together celebrating our #IndependenceDay #ŚwiętoNiepodległości
Long live Poland!
Spread it out 🇵🇱 pic.twitter.com/izzIAAuoX5— Marcin Czapliński (@czaplinskiii) November 12, 2019
Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!