НАТО и ЕУ Нема Алтернатива е Празната Мантра по Која се Распознаваат Сите Западни Инсталации во Колонијата Балкан!
Сподели на социјалните платформи:

 

НАТО и ЕУ нема алтернатива е празната мантра по која се распознаваат сите западни инсталации во евроатланската колонија Балкан, пишува во соопштението РОДИНА МАКЕДОНИЈА.

Ќе излезете од руската амбасада и во првите 10 секунди лидерот на ДПНЕ како дете кога ќе гo фатиш во беља ќе изјави, ама чичко не бев јас, НАТО и ЕУ нема алтернатива.

Ќе ви ги затворат портите на ЕУ, ќе ве претворат во некаква тампон зона, понижени, голи, искамшикувани и Северни и лидерот на СДС со истата колонијална мантра, НАТО и ЕУ нема алтернатива.

Токму западните институти и служби ги креираа и инсталираа ваквите клонови во македонската политика во скоро сите политички партии, а тоа пак е одраз на силината и искреноста на евроатланската идеја на Балканот и во Македонија за која се повеќе народ е свесен.

Македонија денеска е класична колонија од која се исцрпуваат човечките и природните ресурси, а во неа треба да остане се што не е употребливо за ЕУ од мигрантскиот бран, канцерогениот отпад, човечкиот отпад, нуклеарното оружје на НАТО итн.

Родина е згрозена од поданичката положба на целокупниот политички-општествен и научен систем во урнатата Република и повикува на сеопшта мобилизација на секој слободномислечки Македонец за да ја спроведеме визијата за Македонија во 21 век, а тоа е Суверена Независна Македонија која комуницира, тргува, се развива во новиот мултополарен свет и секако НЕ во ЕУ и НЕ во НАТО, како обврска од Референдумот од 30 Септември 2018 година.

Приклучи се: https://www.rodina.org.mk/pristapnica/

Остави коментар