Швајцарскиот Весник “Ное Цирхер Цајтунг”: Западот Губи на Балканот, Влегуваат Русија, Кина, Турција!
Сподели на социјалните платформи:

 

ЕУ повеќе не нуди кредибилни изгледи за проширување на Балканот. Ова го намалува влијанието на Западот и го зајакнува влијанието на други земји, пишува Neue Zürcher Zeitung на почетокот на својата анализа за слабеењето на влијанието на ЕУ на Балканот, што од друга страна, им помага на играчите како Русија, Кина и Турција да извршат поголемо влијание во регионот.

Neue Zürcher Zeitung продолжува: „Само една недела откако ЕУ повторно ги извиси Македонија и Албанија, српскиот премиер Ана Брнабиќ отпатува за Москва за да потпише договор за слободна трговија со руската Евроазиска економска унија.“

Авторот на овој напис, Волкер Пабст, изјавува дека „нема сомнение дека ЕУ и Западот на Балканот изгубиле значителна самодоверба и простор за маневар“, со што им овозможува на Русија, Кина и Турција да го прошират своето присуство во регионот, пренесува и Дојче Веле.

Швајцарскиот весник потсетува дека Русија е особено популарна во словенско-православните региони и таму се претставува како „чувар на конзервативни вредности и контра-модел на декадентниот Запад“. Турција има значителна мека моќ во целиот регион. „Туркиш ерлајнс“ го покрива регионот подобро од која било друга авиокомпанија, додека турските ТВ сапуници се исклучително популарни, и покрај сите историски непријателства. Кина е, пак, главно присутна како инвеститор.

„Зголеменото влијание на овие држави на Балканот се гледа преку како Москва се бори во регионот за да го намали западното влијание, особено оној на НАТО. Русија е многу добро подготвена да ги искористи историските линиски грешки и латентните нестабилности во регионот. Анкара сè повеќе бара поддршка при прогонот на противниците на владата а тука се и големите проекти финансирани од Кина“.

Швајцарскиот дневен весник понатаму укажува на фактот дека Москва, Анкара и Пекинг иако не влечат во иста насока на Балканот, бидејќи тие имаат различни интереси таму, сепак имаат допирни точки.

„Но, дури и без сериозна конкуренција од Исток, Западот губи на Балканот – и со тоа, оние делови од локалното население кои се про-западни. Во иднина, ќе биде уште потешко да се промовираат вредности како што се владеење на правото, демократијата и либералната пазарна економија”, пишува Neue Zürcher Zeitung, но бидејќи весникот не објаснува зошто, да му помогнеме.

Можеби сето тоа е најповеќе поради тоа што самиот запад ги оцрни oвие идеали и ги разоткри како празни фрази за ширење на глобалофашизмот во корист на една рака корумпирани елити а против сите нас, и како народи и како поединци!

1 thought on “Швајцарскиот Весник “Ное Цирхер Цајтунг”: Западот Губи на Балканот, Влегуваат Русија, Кина, Турција!

  1. Da Se RAZBEREME Zapadot (SAD i UK (GB) so Satelitite) Imaa Vlijanie Sekade vo Svetot so GRUBO Odreduvanje koj ke im Bide Pretsedatel , Premier ili Vlada a Glasanjeto E Samo PROFORMA (vo Afrika , Azija i Juzna Amerika) so Iskluchok Mal za vo Evropa kade Ima Bar Malku Nekakva Zavitkana””Demokratija””. No vo Deneshno Vreme Posebno Kineskiot Pristap kade Tie Velat NIE SAKAME DA PRAVIME BIZNIS Vashe e da si Odberete Pretsedatel , Vlada ili Institucii a Cenata ke se Plajka (za Prirodnite Bogatstva) spored Svetskite Ceni (Zapadnachkata Verzija E “Ke Vi Plajkame Kolku Ke Vi Plajkame za Vas so Sorabotnicite ke Ima Povejke od DOVOLNO) I zatoa Denes TOA E Realnosta Povejke od 60% kaj Afrikanskite Zemji e Prisutna KINA , vo Aziskite Zemji i so POGOLEM Procent , a vo Juzna Amerika Tek PRETSTOI Prevzemanje na KINA Vo Sodejstvo so Rusija i Tiurcija, Taka Da Zapadnite “”Vrednosti””se Samo za Vo KENEF-NUZNIK. Na Balkanot Nishto Ne E POINAKU , Srbija Izgleda Najrano Se Odluchi da Iskoristi Del Od Kolachot na EvroAziskata Unija a Daleku se Romanija, Bugarija, BiH Hrvatska, Grcija , Albanija oti Se SENILNI VAZALI Na Zapadnite “”Demokratii””pa Vremeto Gi GAZI , za Makedonija Nema Mnogu Sto da se Kaze SE DODEKA Imame Politichki PROSTITUTKI od Tipot Samo Edna Opcija Imame NATO i EU ,na NATO im Trebame kako Teritorija i POLIGON so Moznost za””Dobrovolci za Pari (Borci)””za Nivnite Misii za””Osloboduvanje i Demokratija”” a na EU Ne Im TREBAME oti Sme Tolku KORUMPIRANI i Kriminalci i za Niv Ke Bide Kako da Frlaat Pari vo BURE BEZ GAZER.!!!!!!!!! Edinstven Spas za Vo Prava Smisla na Zborot e MAKEDONSKIOT NAROD DA SE SVESTI da se Oformat Politichki Strukturi koi Ke Rabotat za Dobroto na MAKEDONIJA i MAKEDONSKIOT NAROD te. da se ISKORENAT Strukturi od Predavnici,Malodushnici,Abdali itn.(UDBASHI-KODOSHI) se Do Togash Za Nas Nema BEL DEN , Dal Boze da Gresham SSPOLAJ VI

Остави коментар