Поранешниот извршен директор на компанијата за производство на камиони Сканиа предупреди дека Шведска оди кон граѓанска војна поради неконтролирана масовна имиграција.
Во интервју за „Свебтв“, бизнисменот Леиф Остлинг рече дека пристигнувањето на толку нови мигранти кои не успеале да се интегрираат во шведското општество, создава плодна основа за насилни немири.
„Имаме превземено премногу луѓе однадвор. Оние кои доаѓаат од Блискиот исток и Африка живеат во општество што го напуштивме пред скоро сто години “, рече тој.
Експлозиите и нападите со бомби се зголемија во многу шведски градови, при што голем дел од немирите се дело на мигрантските банди. Сексуалните напади и насилниот криминал исто така се зголемуваат.
Остлинг ги истакна проблемите со интеграцијата со истакнување на сопственото искуство во водењето на Сканиа, каде од 100 сомалиски мигранти ангажирани да работат за компанијата 90 беа отпуштени или си заминаа, бидејќи тие не пристигаа на време на работа или не умееа да работат во тимови.
Бизнисменот рече дека се надева оти проблемите на земјата ќе се надминат во рок од 10 години, но ако не дојде до тоа, може да дојде до граѓанска војна, посочувајќи дека војската ќе биде повикана да се справи со насилните немири во области со мигранти.
Многу корпоративни директори ги споделуваат неговите ставови, рече Остлинг, но тие се плашат да зборуваат од страв дека ќе им наштетат на нивните компании. Шведска одамна има репутација на ветена земја за мигрантите, а нејзината глобалистичка анти-народна влада нема намера да го промени тој имиџ. Шведска повикува уште повеќе мигранти со веб-страница на владата, рекламирајќи го својот дарежлив систем на бенефиции.
Sweden.se, веб-страница управувана од владата, ги примамува мигрантите да патуваат на север и дава детали за придобивките што можат да ги добијат. Најдолго родителско отсуство во светот (иако повеќето нови пристигнувања од Блискиот исток и Африка остануваат невработени), бесплатна здравствена и стоматолошка нега на мигрантите, како и големи парични додатоци – што веб-страницата ја пресметува за семејство со шест деца, какви кај Швеѓаните се само мигрантските семејства.
Веб-страницата, управувана од Шведскиот институт (СИ), е достапна на четири јазици – англиски, кинески, руски и арапски. Додека англиската верзија нуди вообичаени информации, арапската верзија јасно содржи делови за бенефиции, стекнување работни дозволи и права на детето ( вклучително и правото на образование на нивниот мајчин јазик).
Некои од политичарите беа во неверица кога ја забележаа ова страница за примамување на уште повеќе мигранти во земја која веќе е преоптоварена со баратели на бенефиции.
„Неверојатно. Сопствената власт ја пласира Шведска во странство како дарежлива земја за безработни мигранти“, твитна Елисавет Савансон, портпарол на Умерената партија, додека лидерот на партијата, Улф Кристерсон, рече дека страницата испраќа целосно погрешен сигнал за Шведска.
Веќе, околу 94 проценти од мигрантите кои дојдоа во Шведска во 2015 година да побараат азил добиваат државни бенефиции, според шведскиот весник „Афтонбладет“, ситуација во која скоро банкротираа општините како Бенгсфорс и Филипштад. Со скоро 420.000 баратели на азил кои пристигна во земјата од 2011 година – и вкупно над 920.000 имигранти – земјата, со помалку од 10 милиони жители, се бори да се справи со новите пристигнувања.
„Она што и треба на Шведска е квоти во системот на благосостојба и строга политика за миграција. Пред долго време требаше да се случи “, продолжи Савансон.
Културната поделеност меѓу домородните Швеѓани и новите пристигнувања од Блискиот исток и Африка е премногу голема за да се премости во една генерација, продолжи поранешниот извршен директор на Сканија, Остлинг. Тој предупреди дека судирите меѓу мигрантите и локалното население, кои веќе претворија некои области во „забранети зони“, каде што дури и полицијата се плаши да влезе, може да ескалира во „граѓанска војна“ со кои се бара војската да се вклучи.
Иднината е мрачна за шведската економија, продолжи Остлинг, „и затоа што сме однеле премногу луѓе однадвор“, без размислување дали ќе можат да се асимилираат и да се прилагодат на „неверојатно комплицираното општество“ во Шведска. Интервјуто на Остлинг во целост подолу.
https://youtu.be/qyRvmnd8W-M
Da Vi Kazam ISKRENO ,vo docnite 80-ti pretstojuvav vo Shvedska i Moite Vpechatoci BEA oti Shvedska vo Prava Smisla na Zborot e Mnogu Ponapred vo Pochituvanjeto na Rabotnichkite Prava i od Komunistichkite Zemji vo Toa Vreme. Vo Shvedska Beshe Vistinska RETKOST da ima Sudski Epilog za Siluvanje ili za DOMASHNO NASILSTVO, sega toa e 1000-pati Zgolemeno kade Pretezno Migranti pravat Siluvanje vrz Shvedskite Devojki i Zeni pa Nasilstva po Domovite od Meshan Brak (Shvedi i Migranti-Novive) a Se Dodeka se na Vlast “”Demokrative”” ke ja Tolchat i Gmechat Rabotata kako Odrzliva No So Toa se POVEJKE ke se Namaluva TOLERANTNOSTA na Shvedskata Javnost koja e Tolerantna NO DO Granica, taka Da DESNICATA i Krajnata Desnica Ke Odnesat Golema POBEDA a so Toa i Kraj na MIGRANTSVOTO pa Vo Edna Takva Situacija MOZNA e i Gragjanska Vojna Koja jas ke ja Narecham Vojna Pomegju Novive Migranti i Shvedskite Gragjani i INSTITUCII. Daj Boze da Gresham, Ima Mnogu Nashi MAKEDONCI Koi Ziveat I Rabotat Tamu , ZATOA POSAKUVAM VLASTITE NAVREME DA SE OSVESTAT ZA DA NE BIDE DOCNA SPOLAJ VI